01. Health - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

10 причини да го оставите шеќерот

Рафинираниот шеќер е најлошата намирница во модерната исхрана.
Може да има несакани последици врз метаболизмот и учествува во сите видови болести. 
Ова се 10 вознемирувачки причини зошто треба да го избегнувате белиот шеќер:
  1. Диабетeс - До неодамна научниците веруваа дека основна причина за диабетeс е прекумерната тежина, а не шеќерот. Но новите истражувања покажуваат дека шеќерот има улога во оваа болест, не земајќи ги во предвид дополнителните калории кои ги содржи. Со пиење само 1 газиран сок повеќе дневно, веројатноста за добивање диабетис се зголемува за 1,1%.
  2. Оштетување на меморијата и учењето - Една студија од UCLA покажала дека исхраната која содржи многу фруктоза, влијае штетно врз учењето и меморијата. Ова особено се однесува на пченкарниот сируп. Исхраната богата со омега 3 може да ја намали штетата. 
  3. Расипување на забите - Врската помеѓу шеќерот и расипувањето на забите е добро позната. Постојат значајни докази дека внесување на 5% помалку шеќер во исхраната помага забите да не се расипуваат.
  4. Астма - Во едно Австралиско истражување спроведено во 2012 год.децата кои дневно пиеле повеќе од половина литар безалкохолни пијалоци, значително повеќе страдале од астма. Зголеменото конзумирање безалкохолни пијалоци е дирекно поврзано со појава на некои од респираторните проблеми.
  5. Срцево заболување - Во 2014 год едно истражување го испитувало поврзаноста на шеќерот со срцевите болести. Лицата кои внесувале 25% калории во форма на шеќер, двојно го зголемиле ризикот за добивање срцева болест од оние кои земале 7% калории во форма на шеќер.
  6. Нарушена цревна флора - Истражувањата покажале дека исхрана која содржи високо ниво на шеќер може да ја промени цревната флора во рок од 24 часа. Нарушената цревна флора го намалува имунитетот, го нарушува варењето на храната, доведува до воспаление итн.
  7. Дебелина - Истражувањата кај децата и возрасните покажуваат дека конзумирање на засладени пијалоци директно влијае на зголемувањето на тежината. Центарот за дебелина од 2014 год препорачува децата да го минимизираат внесот на овие пијалоци.
  8. Зголемување на ризикот за рак - Конзумирањето шеќер меѓу другото, доведува со зголемен ризик од рак на јајниците, рак на хранопроводот, рак на матката. Шеќерот доведува до дебелината која е поврзана со многу видови рак.
  9. Зголемен холестерол - Научниците од Универзитетот Елмори  пронашле врска помеѓу зголемениот внес на шеќер и зголемување на неколку ризични фактори за срцево заболување, вклучувајќи го ЛДЛ т.н "лошиот" холестерол и односот помеѓу ЛДЛ холестеролот и ХДЛ  т. н." добриот" холестерол.
  10. Забрзано стареење - Познато е дека диабетичарите стареат побрзо од останатите. Зголемениот крвен притисок доведува до гликација - поврзување на шеќерот со молекулите на протеините колаген и еластин. Резултат е предвремено стареење на кожата кое е пак е поврзано со многу старосни болести.


 

Доколку овие податоци не беа доволни за конечно да го заборавите шеќерот, прочитајте за другите 143 причини. 

Кафеав шеќер - Заради тоа што содржи моласа, кафеавиот шеќер има одредени минерали како калциум, калиум, железо и магнезиум (белиот шеќер нам ништо од ова). Но бидејќи овие минерали се присутни во мала количина, не постои вистински бенефит од конзумирање кафеав шеќер.

Мед - создаден од пчелите (Apis mellifera) од некарот на цвеќињата, претставува "природен засладувач" со векови и е "супериорен" во однос на шеќерот. Содржи само 30% глукоза и помалку од 40% фруктоза (шеќерот има 50% глукоза и 50% фруктоза). Исто така содржи и 20 други шеќери, повеќето се комплексни како и декстрин, вид на растителни влакна.  




10 Reasons to Quit Sugar

Published by in 01. Health · 25/10/2016 12:31:00
Tags: sugar;honey;glucose;fructose;healthy;calories;infographic
Refined sugar is the single worst ingredient in the modern diet.

Honey and Lemon for Cold and Cough

Published by in 01. Health · 17/10/2016 16:15:00
Tags: honey;warmwater;lemon;cold;cough;

Мед и лимон за болно грло и кашлица

Published by in 01. Health · 17/10/2016 15:49:00
Tags: мед;лек;кашлица;грло;лимон;цимет;сувогрло;домашенлек

Зошто треба јадете мед кога сте нерасположени?

Предности на медот за вашето ментално здравје

Why You Should Eat Honey When You Feel Blue

Published by in 01. Health · 10/10/2016 12:39:00
Tags: fatiguetirednesslowenergysleeplessnesskaempferolquercetinbrainmood
Benefits of Honey for Your Mental Health

Why Honey is Important in Children Nutrition?

Published by Macedonian Honey in 01. Health · 13/10/2015 09:41:00
Tags: nutritionchildrenvitaminshealth

Зошто медот е важен фактор во детската исхрана?

Published by Macedonian Honey in 01. Health · 13/10/2015 09:30:00
Tags: децаисхранаапетитвитаминиминералиразвој

Еве што се случува кога ќе почнете да пиете вода со мед секој ден

Published by Macedonian Honey in 01. Health · 21/9/2015 14:30:00
Tags: надуеностсрцесјајнакожагрлодетоксшеќернапитоквода

Со медената диета бидете подготвени за летната сезона

Published by in 01. Health · 8/6/2015 12:21:00
Tags: диеталетомедdietfithealthy
Дали знаете дека конзумирањето на 1-2 лажички мед30 min пред легнување помага во топењето на мастите додека спиете?

Сезона на алергии и ефикасноста на медот

Published by Elena Fidanoska in 01. Health · 12/5/2015 10:21:00
Tags: медалергијакивањелек
Back to content | Back to main menu