
Идеален е за прослави, со овој коктел децата можат да уживаат како и возрасните.
При подготовката на овој коктел може да Ви помогнат најмалите. Освежителен и без шеќер, ќе ја врати потполно енергијата и ќе ја засити жедта.
За овој овошен ладен пунч потребен е длабок овален сад, од кој децата ќе можат сами да се послужуваат.
За 8 чаши потребно е
- 500 мл сок од портокал
- 500 мл сок од јаболко
- 4 кесички овошен чај
- Цимет стапче
- Малку каранфилче
- 1 портокал
- 1 јаболко
- 1 лимон
- 8 Honeysticks
- лед
Подготовка
Во тенџере ставаме 1 литар вода, ги додаваме циметот и каранфилчето. Пред да зоврие водата ги додаваме и кесичките чај. Oставаме 10 мин. да одстои.
За тоа време ги лупиме јаболкото и портокалот и ги сечеме на коцки. Ги ставаме во големиот овален сад и ги преливаме со сок од лимон.
Во тенџерето ги додаваме сокот од портокал, сокот од јаболко и медот. Се убаво треба да се измеша. Вака подгтвениот пунч го претураме во овалниот сад. Додаваме коцки лед по желба.