умор - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Ефикасен и брз начин за ослободување од стрес

Published by Macedonian Honey in 05. Lifestyle · 2/6/2015 10:34:00
Tags: стресумормедрелаксацијаstresstiredrelax



Дали знаете дека нешто се случува во Вашето тело кога сте вознемирени, лути на колегите, кога се плашите дека нема да ги постигнете вашите месечни таргети, кога започнувате со работа во нова компанија, кога се расправате со вашите најмили, кога жалите за изгубената љубов или кога не можете да спиете заради некој немил инцидент кој се случил порано во текот на денот?

Стрес е состојба на умот/емотивна состојба / тензија која е резултат на многу тешки околности. Постојат 4 вида на стрес:
1)   Стрес кој се јавува во случаи на загрозување на животот( преживување или опстанок)
2)   Внатрешен стрес (врз кој немаме контрола)
3)   Стрес предизвикан од околината
4)   Стрес од умор и премногу работење

Стрес е кога срцето забрзано ви чука, мускулите се затегаат, крвниот притисок расте, забрзано дишете и вашите сетила се изоструваат.

Дали знaете дека при состојба на стрес се ослободува хормонот кортизол? Кортизолот е од суштинско значење за одржување на чуството за рамнотежа кога се соочувате со екстремен стрес, како што се страв, траума или тешки физички напор. Сепак, кога овој хормон го има во големи количини, има различни негативни ефекти врз телото вклучувајќи ги следниве:
1)     Дава хормонални сигнали до масните клетки во стомакот за да ги чувате мастите што е можно повеќе, што на подолг рок може да доведе до зголемување на телесната тежина
2)     Го слабее имунолошкиот систем, па ќе бидете повеќе склони кон инфекции од другите
3)     Го успорува вашиот начин на размислување и дејствување. Интересно, според некои истражувања, 
нивото на стрес хормонот се зголемува со возраста. Исто така, нивото на кортизол кај еден млад човек брзо расте, но опаѓа во нормала во рок од неколку часа, додека, кај постарите луѓе, на нивото на кортизол брзо расте и не се врати во нормала со денови. Кога го има во големи количини, овие хормони на стресот може да ги оштети мозочните клетки. Така, кортизолот е исто така познат како "смтроносен хормон" и е поврзани со намалување на мозокот во староста (сенилност).

Најбрз начин за ослоборување од стресот е да земете малку мед (1 HONEYSTICK) и го растворите во млака вода и полека го пиете. Веќе се чуствувате смирени, нели?






Back to content | Back to main menu