
Јагодата ја сметаат за "кралица на овошјето" во азиските земји. Ова сочно овошје во облик на срце нуди многу повеќе од блажина и арома. Јагодите се сметаат за суперовошје, бидејќи имаат големи здравствени придобивки. Јагодите не содржат масти и имаат малку калории.
Една порција од осум јагоди соджи повеќе витамин Ц,од портокалот и е преполна со корисни антиоксиданси и хранливи материи, вклучувајќи калиум, фолна киселина и влакна.
Научниците неодамна откриле фасцинантна врска помеѓу конзумирањето на јагоди, шеќерот, и нивото на шеќер во крвта. Конзумирање на една чаша свежи јагоди (околу 150 грама),помага во намалувањето на шеќерот во крвта. Според научниците полифенолите содржани во јагодите имаат важна улога во помагање на регулирање на крвниот шеќер.
Јагодите се полни со биотин, кој помага за раст на цврста коса и нокти. Тие, исто така, содржат антиоксиданси елагична киселина, која ги штити еластичните влакна во нашата кожа и спречуваат стареење.
Сокот од јагоди во комбинација со мед го намалува воспалението или изгореници на кожата. Внимателно истријте ја кожата со оваа мешавина и потоа исплакнете со топла вода и сок од лимон .
Направете
ја Вашата совршена и едноставна пролетна салата: 1 чаша јагоди *се меша со мед (1 x HONEYSTICK **) и можете да уживате во пролетта!