студ - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

5 Совети за планинарење во зима


Зимата е одлично време за планинарење: не само што се нема гужватуку и пејзажите се снежни и прекрасниЗатоа земете ја јакната, нешто храна и појдете кон најблиската патека за планинарење.
Но, бидете добро подготвени, бидејќи, комбинација на дожд, силните ветрови и ниските температури се вистински предизвик со кој може да се соочите. Во вакви услови хипотермијата и смрзнатините (ако температурата падне под 0 ° C) се многу реални.
 
Еве неколку основни совети како да биде безбедни и затоплени:
1. Слоевито облекување Првиот слој облека нека биде ткаенина која нема да ве потиИзбегнувајте памук. Откако ќе се намокри, памукот повеќе не штити од студот. Покрај тоа,
памукот предизвикува дополнително губење на топлината од вашето тело и постои ризик од хипотермија.Носете јакна која штити од студот, од губење на топлината и истовремено го запира ветрот. Секогаш носете дебели, зимски чорапи, и имајте двослојни ракавици, за
топлинска изолација и водоотпорностСекако не заборавајте ја капата, кој може да ги покрие вашите уши. Голем процент од топлината на телото се губи преку главата.

2. Чувајте го шишето за вода на топло – Ако ги чувате шишињата за вода во ранец на многу студен ден, можеби ќе треба да ги изолирате за да не замрзнат.Волнена чорапа ќе помогне во ваков случај. Завртете го шишето наопаку за да не замрзне водата на врвот.
Во овој период од годината, дехидрацијата е особено опасна, бидејќи може да ја забрза хипотермијата и смрзнатините.

3.Понесете заштита од сонце - Иако ова е многу важно ако планинарите во снежни предели, честопати се заборава на одсјајот на сонцето од снегот. Ако скијате незаборавајте ги ски очилата.

4. Размислете за теренот - Снегот може да биде премногу длабок, на високите места во планината. Планинарете на пониските места и носете водоотпорни чевли, да се бидете безбедни на патеката. Ако очекувате многу мраз, особено во областите каде што може да има големи стрмнинипонесете специјални зимски кондури за планинарење.Понесете и стап за пешачење кој помага за одржување на рамнотежа на делови од патеката со многу
мраз и снег.

5.Бидете сити и пијте течности – При планинарење на студено снежно време се согоруваат повеќе калории. Според некои проценки, може да се согорат и 50 проценти повеќе калории во споредба со слични растојанија и терен, во текот на летото. Понесете
високо-енергетски грицки како мешани јаткасти плодови заедно со суво овошје, енергетски
плочки, тврдо варени јајца или honeystick. Не jа ставајте сета храна во вашиот ранец, имајте дел и во јакнатаИмајте термос со топол напиток како што е кафе, какао или супа за време на паузите, но и доволно вода за пиење да ја задоволи вашата жед во текот на денот.
 
 
Конечно, некој нека знае каде одите, кога ќе се вратите, а и кому да се јави ако не се слушнете во одредено време.
 
Со малку грижа и подготовка, секој може да ги открие убавините на зимското планинарење.
 



Како да трчате на студено време без да се разболите?

Published by in 04. Running · 1/12/2015 09:23:00
Tags: трчањестудзимаоблекаводаисхранадишењемед
Back to content | Back to main menu