Потребно е:
- 75g интегрално брашно
- 75g овес
- ½ лажичка прашок за пециво
- ½ лажичка цимет
- 1 рендано јаболко,
- 50g сецкани ореви
- 6 HONEYSTICK
- 60ml сончогледово масло
- Рендана кора oд ½ портокал
Подготовка:
Рерната се загрева на 180c. Се мешаат брашното, овесот, прашокот за пециво и циметот. Се додава ренданото јаболко и сецканите оревии повторно се промешува. Во посебен сад се меша медот, маслото и кората од портокал. Потоа сувите и влажните состојки се мешаат.
Од смесата со голема лажица на хартија за печење се ставаат 12-15 парчиња. Колачите се печат десет минути.