авантура - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Планинарење на еден ден? Не ги заборавајте овие работи дома



Без оглед на вашите причини за планинарење, еве неколку препораки за пакување за вашето следно патување. Без основните работи потребни за планинарење, оваа авантура може да се претвори во кошмар.

1. НАВИГАЦИЈА

Мапа: секогаш имајте со Вас карта од областа во која планинарите.
Компас: добра идеја е да се носи мал компас, дури и како приврзок за клучеви. Не се потпирајте на компасите на паметните телефони бидејќи брзо ќе Ви ја потрошат батеријата.


2. ХИДРАТАЦИЈА

Конзумирање на повеќе вода, особено во топлите денови. Со внесување премалку вода не само што ќе бидете жедни постојано, туку и сте подложни на хипотермија и висинска болест.


3. ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Очила за сонце: за спречување на снежното слепило во зима и заштита на очите од високиот УВ фактор во лето.
Крема за лице со висок заштитен фактор: за да се спречат можни изгореници.
Капа: за спречување на сончаница.


4. ТЕРМО ЗАШТИТА

Јакна: температурата може брзо да се намали на повисоките надморски височини и по зајдисонце.
Екстра чорапи: кога планинарите во области со водопади, потоци, реки, Вашите чорапи може да се намократ.


5. ИСХРАНА

Секогаш имајте со Вас ручек и ужина како овошје, ореви, енергетски плочки и HONEYSTICK Personal Pack.
Во случај да се задржите на отворено, подолго од очекуваното, вишокот храна ќе Ви помогне да ја задржите енергијата и моралот.


6. ОСВЕТЛУВАЊЕ

Сијалица или сијалица за глава: понекогаш може да се стемни побрзо од очекуваното и за да ја видите Вашата карта, имајте секогаш сијалица при рака.


7. ОГАН

Водоотпорен кибрит, плински запалки и помагачи за брзо палење оган - топлината на огнот и топлиот пијалок помагаат во спречување на хипотермија.


8. ПРВА ПОМОШ

Основните елементи на прва помош вклучуваат: завои, гази,фластер, аспирин.
Тоалетна хартија : Не оставајте ја хартијата на стазата.


9. ПРИБОРОТ ЗА ПОПРАВКА

Предмети како: нож, екстра врвки за чевли, селотејп за ранци.
Нож или мулти-алатка со која ќе можете да сече на ленти од ткаенина во завои,
да направите ситни дрвца за потпалување,да ги поправите скршените очила, или други
поправки на Вашата опрема.
 
10. ЗАШТИТА ОД ДОЖД

Големи пластични вреќи за ѓубре може да се користат како мантил во случај на дожд,  заштитувајќи го Вашето тело и ранец.
 

Бидете безбедни и уживајте во Вашите планинарски авантури.
Запомнете: фотографии и убави спомени нека бидат единствените сувенири.





Back to content | Back to main menu