хранлив - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Домашен леб со тиква и мед – никогаш полесно

Published by in 06. Cooking Ideas · 30/10/2015 11:47:00
Tags: тиквамедлебедноставенхранлив

Медот и тиквата му даваат дополнителен вкус на лебот, а воедно медот ја отстранува и влагата, при што лебот ќе биде свеж подолго. Овој леб е здрав и има многу хранливи состојки.

Потребни состојки:
·       1/3 чаша extra-virgin маслинов зејтин
·        10 HONEYSTICK (½ чаша мед)
·        2 јајца
·        1 чаша пире од тиква
·        1 лажичка ванила екстракт
·        ½ лажичка сол
·        ½ лажичка цимет
·        ½ лажичка ѓумбир
·        ¼ лажичка морско оревче
·        ¼ лажичка каранфилче
·        1¾ чаши брашно
·        1 лажичка содабикарбона*
·        ¼ чаша топла вода*

Подготовка:
  1. Загрејте ја рерната на 165 степени Целзусови и подмачкајте  ја тепсијата со димензии 23x13 см
  2. Во голем сад измешајте  ги зејтинот и медот. Додајте ги јајцата и убаво измешајте.
  3. Додадете го пирето од тиква и ванилата, потоа солта, циметот, ѓумбирот, морското оревче и каранфилчето. Измешајте со брашното додека не се добие изедначена смеса.
  4. Измешајте ја сода бикарбоната во топла вода и потоа додадете ја во тестото  и замесете.
  5. Тестото се става во тавчето.
  6. По желба се попрскува со малку цимет и за подобар изглед, горниот дел од тестото се засекува малку со нож.
  7. Се пече 60 до 65 минути. Оставете да се олади во тавчето 5 мин, а потоа ставете го во крпа уште 30 мин, пред да почнете да сечете.

Забелешка
*Доколку сакате може да додадете  вода/млеко во зејтинот/медот/јајцата и измешајте ја содабикарбоната во сувите зачини. 





Back to content | Back to main menu