
Медот и тиквата му даваат дополнителен вкус на лебот, а воедно медот ја отстранува и влагата, при што лебот ќе биде свеж подолго. Овој леб е здрав и има многу хранливи состојки.
Потребни состојки:
· 1/3 чаша extra-virgin маслинов зејтин
· 2 јајца
· 1 чаша пире од тиква
· 1 лажичка ванила екстракт
· ½ лажичка сол
· ½ лажичка цимет
· ½ лажичка ѓумбир
· ¼ лажичка морско оревче
· ¼ лажичка каранфилче
· 1¾ чаши брашно
· 1 лажичка содабикарбона*
· ¼ чаша топла вода*
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 165 степени Целзусови и подмачкајте ја тепсијата со димензии 23x13 см
- Во голем сад измешајте ги зејтинот и медот. Додајте ги јајцата и убаво измешајте.
- Додадете го пирето од тиква и ванилата, потоа солта, циметот, ѓумбирот, морското оревче и каранфилчето. Измешајте со брашното додека не се добие изедначена смеса.
- Измешајте ја сода бикарбоната во топла вода и потоа додадете ја во тестото и замесете.
- Тестото се става во тавчето.
- По желба се попрскува со малку цимет и за подобар изглед, горниот дел од тестото се засекува малку со нож.
- Се пече 60 до 65 минути. Оставете да се олади во тавчето 5 мин, а потоа ставете го во крпа уште 30 мин, пред да почнете да сечете.
Забелешка
*Доколку сакате може да додадете вода/млеко во зејтинот/медот/јајцата и измешајте ја содабикарбоната во сувите зачини.