Во пресрет на летните горештини еве еден едноставен рецепт за освежување
Сладолед од мед
Состојки:
- 3 јајца
- 2 жолчки
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка мелен цимет
- 220 гр ситен шеќер
- Слатка павлака
- 120 гр. мед (10 HONEYSTICK)
Подготовка:
Измешајте ги јајцата, шеќерот, ванилата и циметот и ставете ги врз сад во кој врие вода и мешајте на пареа 6-8 минути додека смесата не се згусне. Тргнете го садот од пареата и продолжете да мешате со постепено додавање на павлаката. Мешате додека смесата не стане густа. Се додава медот и се промешува уште еднаш и се става во пластична кутија која ќе стои во замрзнувач 6 часа.