трпение - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

5 совети за успешен маратон

Published by in 04. Running · 6/4/2016 08:11:00
Tags: трчањемаратоненергијатрпениефокус


Во пресрет на 4-та Женска Трка 2016 која ќе се одржи во недела на 10-ти април во Градскиот парк, a која за првпат е внесена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација, споделуваме 5 совети за успешен маратон:

1.      Трпение – повторувајте го овој збор во првите километри . Вашиот мозок треба да ги контролира вашите нозе. Не дозволувајте адреналинот или гужвата да го земат најдоброто од Вас. Маратонот не е победа во првите километри, но лесно може да потклекнете. Трпение, трпение трпение

2.      Ако некој ве праша како се чувствувате, одговорете фантастично - Доколку кажете дека се чуствувате уморно и едвај чекате да се заврши, си ставате пречка сами на себе . Вашето тело и ум сакаат да се откажат и тоа постепено се случува. Убедете го вашиот ум дека се чуствувате добро и можеби ќе се извлечете од кризата. Маратонот е полн со падови и успеси. Еден момент се чуствувате одлично, а веќе наредниот мислите дека неможете да направите ниту еден чекор. Потоа 10 минути подоцна повторно ќе се чуствувате одлично. Прифатете го овој ритам како нормален дел од маратонот. Никогаш не му дозволувајте на Вашиот ум да се чуствува различно од фантастично.

3.      Ако нешто ве боли, како стапалото, мислете на некој друг дел од телото кој не ве боли, како на пример раката - Ако мислите на болката, многу е веројатно да  бидете почуствителни на истата. Намерно фокусирајте се на друг дел од телото кој не ве боли , за да го залажете умот. Наскоро ќе приметите дека сте заборавиле на болката.

4.      Бидете насмеани  и зборувајте со себе – не ја потценувајте моќта на позитивното зборување додека трае маратонот. Внимателно бирајте ги зборовите. На пример наместо да кажете се надевам дека се ќе заврши добро денес, сменете во ЗНАМ дека се ќе заврши добро денес бидејчи сум добро подготвен/а. Додека си зборувате со себе , насмевнете се . На тој начин стресот на лицето се намалува и ве прави генерално посреќни

5.    Потсетете се дека болните моменти наскоро ќе станат историја  - Пробајте да се замислите  на друго место за време на последните тешки километри од маратонот. Сигурно во еден момент ќе осетите болка. Но сетете се дека тој момент ќе помине и ќе биде само во вашата меморија. Ако ова е тешко за вас, пробајте да се фокусирате само на моментот во кој се наоѓате. Не мислете на вашето време или на преостанатите километри. Само фокусирајте се на преживување од еден во друг момент. Моментот на стигање  до целта е прекрасен и трае за цел живот.


Повеќе за овој настан: https://www.facebook.com/events/659070060899973/



Back to content | Back to main menu