третман - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Како да се справите со сувата и оштетена коса без користење на скапи препарати?

Published by Macedonian Honey in 08. Beauty · 17/8/2015 12:45:00
Tags: косатретманубавинаприродно

По деновите поминати на плажа, сонце, езеро, море или планина, време е за третман на вашата сува и оштетена коса. Не треба да плаќате скапи препарати за нега, одберете еден од трите третмани кои може да ги направите сами. Основнa состојка е природниот мед кој е природен овлажнувач. Исто така е полн со антиоксиданси и хранливи состојки кои се корисни за поттикнување на растот на косата. За да не се залепи косата, покрај медот потребен е уште некој природен додаток кој овозможува полесно нанесување и кој ќе помогне да се врати природниот сјај  на косата од коренот нагоре.   

1. Мед и маслиново масло 
Маслиновото масло може да направи голема разлика во влажноста на косата само после неколку нанесувања и фо промовира здравиот корен и скалп. Помага за полесно фенирање и при оштетени врвови. Потребно е:

10 HONEYSTICK или ½ шоља природен мед 
60мл маслинов зејтин
Измешајте ги заедно, и доколку е потребно загрејте ја смесата. Нанесувајте на косата по потреба
      

2. Мед и јаболков оцет
Јаболковиот оцет помага косата да добие прекрасен сјај и делува како природен регенератор. Потребно е:

5 HONEYSTICK или ¼ шоља природен мед
10 лажици јаболков оцет
Измешајте ги заедно медот и јаболковиот оцет. Нанесете го како шампон, на влажна коса и оставете да стои 15 минути. Исплакнете со топла вода.


3. Само природен мед
Медот се меша само со вода и ништо друго. Потребно е:

5 HONEYSTICK или ¼ шоља природен мед  
Вода
Медот се меша со онолку вода колку што е потребно за смесата да не биде прегуста ниту пак претечна , за да можете лесно да ја нанесете на Вашата коса. Количината на смесата зависи од должината на косата . Се нанесува како шампон, на влажна коса и оставете да стои 30 минути. Исплакнете со топла вода.


Мали совети:
  • Секогаш употребувајте природен мед , а не замена за мед
  • Додадете малку мед во Вашиот шампон или регенератор доколку немате време за третман
  • Користете третман согласно типот на косата. Доколку нанесете маслиново масло на мрсна, тенка коса , резултатот најверојатно ќе биде помрсна и потешка коса
  • Доволно е користење на овие третмани еднаш до двапати неделно
  • Бидете трпеливи. Резултатите нема да ги видите по првиот третман, секако се потребни повеќе од еден









Back to content | Back to main menu