вода - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Како да трчате на студено време без да се разболите?

Published by in 04. Running · 1/12/2015 09:23:00
Tags: трчањестудзимаоблекаводаисхранадишењемед


Студеното време само по себе не предизвикува болест, но има улога во добивање настинка или грип. 
Поголема е веројатноста да настинете или добиете грип во затворени простори и во контакт со заболени лица. 
Истражувачите од Медицинскиот колеџ на Јапонија велат дека оние кои константно трчаат по студено време имаат помала веројатност да доживеат пад во нивниот имунолошки систем по вежбањето, отколку оние кои се изложени на студ само повремено.

Затоа трчање во зима може да го зајакне вашиот имунолошки систем, но внимавајте хипотермијата и сувиот воздух може да Ве направат подложни на инфекција. Ако се преземат соодветни мерки на претпазливост, трчање на студено време нема да Ве настине. Со трчање на студено време, вашето тело мора да работи понапорно за да ја задржи топлината; и затоа е веројатно дека ќе  се согорат повеќе калории.

Загревање
Одвојте најмалку 10 минути за соодветно да се загреете, вклучувајќи пешачење и истегнување. Ова, ќе му помогне на вашето тело за предстојниот тренинг и евентуално спречување на можните повреди.

Соодветна облека
Соодветната облека е клучот за задржување на топлината, и да не се испотите при зимското трчање. Вашиот најдолен слој треба да биде брзо сушечка, синтетичка ткаенина. Потребна е  водоотпорна јакна што ќе помогне да се одржи Вашата топлина. Носете капа, ракавици и топли чорапи, и водоотпорни кондури за заштита од мокрите улици.

Поинакво дишење
Важно е да се дише низ носот, бидејќи ладниот воздух е сув  и може да предизвика болка во вашите гради. Дишењето преку нос не само што го филтрира воздухот од нечистотии, туку го загрева ладиот воздух, на температурата на телото, создавајќи помалку шок за белите дробови.

Исхрана
Бидете сигурни дека сте јаделе доволно пред да трчате, бидејќи телото троши повеќе калории за загревање на телесната температура. Конзумирањето на јаглени хидрати, како мед, за време на трчањетро им помага на вашите мускули и го одложува заморот. Помалку внесувајте заситени масти, бидејќи го намалуваат имунитетот и Ве прават повеќе подложни на настинки. Исто така, конзумирајте многу овошје и зеленчук, кои содржат антиоксиданси кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и помагаат во спречување на настинка.

Повеќе вода
Да бидете хидрирани е важно за спречување на болести, а водата е најдобрата опција. 
За брзо надополнување на енергијата понесете со Вас енергетски напиток од мед

Потребни состојки:
• 1 HONEYSTICK
• 0.3 dl свежо исцеден сок од лимун
• ¼ лажичка сол
• 9 dl вода
Подготовка
Измешајте го медот и лимунот, а потоа додадете ја водата и солта.


Овие совети може да ви помогнат безбедно и со уживање на трчате, кога времето е студено.





7 Супернамирници кои ги топат мастите во телото

Еве што се случува кога ќе почнете да пиете вода со мед секој ден

Published by Macedonian Honey in 01. Health · 21/9/2015 14:30:00
Tags: надуеностсрцесјајнакожагрлодетоксшеќернапитоквода
Back to content | Back to main menu