авокадо - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

7 Супернамирници кои ги топат мастите во телото

Доколку сакате за ослабнете или да останете во форма, вежбањето не е доволно. Правилната исхрана е навистина важна. Направивме листа на најдобрите и најефикасните намирници кои може да ги направите омилени во Вашата исхрана. 
Умерено конзумирање на овие намирници има двоен ефект:помагаат во топењето масти и Ве прават сити подолго време,  со што се намалува внесот на калориии.

Еве ја нашата листа:


Јајца
Јајцата се сметаат еден од најбогатите извори на протеини. Ги содржат сите 9 основни амино киселини потребни на телото при формирање на мускулна маса.




Авокадо
Авокадото често се смета како храна за гоење. Всушност мастите во авокадото му служат на телото за тројно повеќе топење масти. Мононезастиените масти во авокадото ги задебелуваат мембраните на клетките, при што се стимулира процесот на топење масти.




Цимет
Овој ароматичен зачин, ги топи мастите така што побрзо ја пренесува гликозата во клетките, при што се намалува акумулирањето на хормонот за складирање масти, инсулин.




Кикирики
Кикириките делуваат како топилница на масти. Богати се со влакна и го подобруваат метаболизмот, без дополнителни вежби. Тие се полни со протеини, ниацин (Б3) и витамините Е, Б1, Б6 како и минералите железо, бакар и цинк.




Зелен чај
Во зелениот чај постои состојката EGCG (epigallocatechin-3-gallate). Веднаш  по неговото пиење, EGCG привремено и ефикасно го забрзува метаболизмот. Затоа имајте при рака, ладен зелен чај во вашиот фрижидер.




Вода
Водата, често се потценува како средство за топење на масти. Напротив, телото троши калории за да ја изедначи температурата на внесената вода со неговата, со што се поттикнува работата на метаболизмот.




Мед
Медот има многу здравствени придобивки, вклучително и неговата функција  во ефикасно намалување на калориите. Ова е заради  неговата карактеристика да ги користи резервите во телото за добивање енергија за извршување на нормалните функции.






Back to content | Back to main menu