Со медената диета бидете подготвени за летната сезона - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Со медената диета бидете подготвени за летната сезона

Published by in 01. Health · 8/6/2015 12:21:00
Tags: диеталетомедdietfithealthy




Сите знаеме дека медот е ефикасен во борбата со настинки и грипови. 
Но дали сте знаеле дека конзумирањето на 1-2 лажички мед навечер пред легнување помага во топењето на мастите додека спиете?

По повеќегодишните истражувања и искуство како нутриционист кој им помага на спортистите во нивната исхрана, Шкотланѓанецот Mike McInnes успеал да открие дека телото користи дополнителен механизам за заштита на мозочните келии од преоптоварување со шеќер, при што мозокот станува “гладен“. Главна храна на мозокот се шеќерите и затоа мозокот испраќа сигнали за итна потреба од слатки јадења, како чоколадите, бисквитите, колачите ...

Со конзумирање мед ноќе, потребата за храна на мозокот е задоволена и телото може да се посвети на останатите важни процеси на опоравување и поправање, вклучувајќи и топење на мастите. Ова е благодарение на уникатната комбинација на природни шеќери во медот што го прави иделна храна за губење на тежината.

Според книгата “The Honey diet” може да уживате во вкусните фамилијарни ручеци, но оваа диета има неколку златни правила:

1.      Замена на шеќерот со мед – започнете го денот со напивка од мед и лимон, наместо шеќер ставете HONEYSTICK во вашето утринско кафе/чај/житарици и секако најважно секоја вечер се конзумира 1-2 лажички мед.
2.      Нема повеќе нездрава храна – со оваа диета заборавете ја пржената храна, грицките, газираните пијалоци, тортите и колачите.
3.      Исфрлете ги компирите
4.      Уживајте неограничено во зеленчукот и салатите
5.      Полномасните млечни производи се во ред – кога мастите се тргнати од млечните производи, истите се заменуваат со засладувачи, шеќери или агенси. Затоа мала порција полномасно млеко, кашкавал, сирење или јогурт е добредојдено во оваа диета.
6.      Пијте многу вода
7.      Еден ден во неделата без јаглехидрати – ова значи без леб, тестенини, житарици и ориз.
8.      Префрлете се на кафеавите јаглехидрати - интегралниот леб, тестенините и оризот се богати со влакна кои се добри за дигестивниот систем , со што вие останувате подолго сити. Бидете сигурни дека овие јаглехидрати зафаќаат помалку од ¼ од вашата порција.
9.      Вклучете протеини во секој оброк или ужина – месото и рибата се одличен избор
10.    Не повеќе од 2 овошја (свежи овошни сокови) на ден





No comments

Back to content | Back to main menu