зелен - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

10 Начини за повеќе енергија на работното место


Се чуствувате исцрпено и уморно на работното место? Значи дека е време за пауза за да се освежите и да ја зголемите Вашата енергија. Ви нудиме 10 начини кои ќе Ви помогнат
да бидете полни со енергија на Вашето работно место:

  1. Имајте мал појадок за подигнување на вашиот метаболизам. Дури и нешто едноставно како житарици ќе Ви помогне да останете полни со енергија, запамтете протеините и калциумот се клучни за почеток на работниот ден.
  2. Пред да седнете на Вашето место,  земете минута-две дури и пет за да се организирате. Погледнете во Вашите документи и селектирајте што е од суштинско значење и тргнете се она што не е.
  3. Земете зелен чај. Тој има највисоко ниво на антиоксиданси– кои го подобруваат здравјето, евентуално намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и некои видови рак. Содржи и кофеин, но не премногу.
  4. Обидете се да пешачите 20-минути по ручекот, при што ќе се зголеми нивото на допамин, норепинефрин и серотонин, се она што ќе ви даде повеќе енергија кога ќе се вратите на работа.
  5. Смејте се. Дали смеењето  има здравствени придобивки? Би можело, иако сеуште нема јасни докази. Во секој случај, смеење може да направи да се чувствувате подобро. За време на вашиот 10-минутна пауза, намерно барајте нешто што знаете дека ќе ве насмее -  на пример погледнете неколку клипови на YouTube.
  6. Земете HONEYSTICК. Медот има многу бенефиции што се добри по здравјето - од зголемување на меморија до намалување на кардиоваскуларните ризици.
  7. Следете го правилото 20-20-20: Погледнете во нешто 6 метри (20 стапки) далеку од вашиот монитор за 20 секунди на секои 20 минути.
  8. Протегнете се. Се Чувстувате беспомошна седејќи цел ден? Протегањето им помага на заморените мускули кои се заглавени во една позиција.
  9. Дишете длабоко. Длабоко дишење може да го намали стресот кога ќе се чувствувате преморени. Дишете низ носот додека да изброите до четири. Задржувајте го здивот додека да изброите до седум. Потоа длабоко издишете преку устата, броејќи до осум. Повторете го циклусот.
  10. Слушајте  музика. Вистинската музика навистина може да го промени Вашето расположение. Одберете ги песните кои секогаш Ве подигнуваат, а потоа направете микс или плејлиста од три на Вашиот компјутер или MP3 плеер.





7 Супернамирници кои ги топат мастите во телото

Back to content | Back to main menu