Русија - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Руска медена торта



Медовик” е најпозната медена торта во Русија. Тортата е фантастична и многу мека. Медот содржан во тестото е во совршена комбинација со киселата павлака. Останува свежа во фрижидер и по неколку дена.
Постојат многу верзии од оваа торта, а ние се одлучивме за онаа со 15 кори од
Food.com
 
За подготовка на корите потребно е:
  • јајца
  • ¾ чаша шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • HONEYSTICK 
  • 100 гр маргарин или 100 гр путер
  • 2 чаши брашно
 
За филот потребно е:
  • 750 гр кисела павлака
  • ½ чаша шеќер
  •  
 
За декорација потребно е:
  • 250-300 гр трошки од бисквити
  • ½ - 1 чаша ореви
 
Подготовка:
1.     Рерната се загрева на 180°C.
2.     Јајцата се матат со шеќерот и се додава сода бикарбона и медот кој треба да е загреан
3.     Во тенџере, се топи маргаринот/путерот и се додава смесата со изматените јајца .
4.     На тивок оган, со постојано мешање, се додава брашното. Треба да се внимава да не се создадат грутки. Ќе се добие многу густа смеса, тешка за мешање. Се трга од оган и се остава да се олади.
5.     Тестото се дели на 15 дела, и од секој дел се прави тенка кора 1-2 мм, се обликува круг (со помош на голем тањир).
6.     Корите се печат на 180°C 2-4 мин.или додека не добијат златна боја. Испечените кори се оставаат да се оладат.
7.     Павлаката се мати заедно со шеќерот и медот, се додека не се добие хомогена смеса. 8.     Секоја кора се премачкува со многу фил.
9.    Се декорира со трошките од бисквити и оревите.
10.    Се остава да одстои барем 6 часа во фрижидер.





Back to content | Back to main menu