рецепт - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Десерт со рабарбара и јагоди

Published by in 06. Cooking Ideas · 21/5/2019 10:17:00
Tags: рабарбара;десерт;јагоди;мед;рецепт

Рабарбарата содржи во себе многу влакна и витамин Ц.  А порција од осум јагоди содржи повеќе витамин Ц, од портокалот и е преполна со корисни антиоксиданси и хранливи материи, вклучувајќи калиум, фолна киселина и влакна.

Потребно е
За филот
  • 4 чаши сецкани јагоди
  • 2 чаши рабарбара (200 гр)
  • 2 лажици сок од портокал
  • 2 Honeysticks
  • 2 лажици скроб
  • ½ лажичка ванила

За тестото
  • ¾  чаша овесни снегулки
  • 3/4 чаши брашно
  • 3 лажици путер
  • 3 Honeysticks
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Малку сол
 
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180C.
Измешајте ги сите состојки за филот во тава за печење 20x20cm.
Рачно направете тесто во вид на трошки од снегулките , брашното, путерот, медот, циметот и ванилата. Доколку е суво, може да додадете уште малку путер.  Наредете врз филот и ставете да се пече 40-45 минути или додека не добие златна боја и не зоврие филот.
Оставете да се олади и сервирајте.




Медена баклава

Published by in 06. Cooking Ideas · 24/12/2018 12:30:00
Tags: медбаклаваоревилешницирецептшербет
Се смета дека сегашната форма на баклава низ светот била усовршена во кујните на Топкапи палатата во денешен ден Истанбул (тогаш Константинопол) околу XV век

Пилешко на кинески начин

Back to content | Back to main menu