десерт; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Десерт со рабарбара и јагоди

Published by in 06. Cooking Ideas · 21/5/2019 10:17:00
Tags: рабарбара;десерт;јагоди;мед;рецепт

Рабарбарата содржи во себе многу влакна и витамин Ц.  А порција од осум јагоди содржи повеќе витамин Ц, од портокалот и е преполна со корисни антиоксиданси и хранливи материи, вклучувајќи калиум, фолна киселина и влакна.

Потребно е
За филот
  • 4 чаши сецкани јагоди
  • 2 чаши рабарбара (200 гр)
  • 2 лажици сок од портокал
  • 2 Honeysticks
  • 2 лажици скроб
  • ½ лажичка ванила

За тестото
  • ¾  чаша овесни снегулки
  • 3/4 чаши брашно
  • 3 лажици путер
  • 3 Honeysticks
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Малку сол
 
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180C.
Измешајте ги сите состојки за филот во тава за печење 20x20cm.
Рачно направете тесто во вид на трошки од снегулките , брашното, путерот, медот, циметот и ванилата. Доколку е суво, може да додадете уште малку путер.  Наредете врз филот и ставете да се пече 40-45 минути или додека не добие златна боја и не зоврие филот.
Оставете да се олади и сервирајте.




Кео Mè xửng Виетнамски енергетски десерт со мед

Овој високо енергетски десерт ќе ви даде екстра енергија потребан за Вашите дневни активности.
Back to content | Back to main menu