Бакингамска - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Бакингамската палата има тајно место само за пчелитe


Урбаното пчеларење во Лондон започнува уште во деведесетитте години од минатиот век.  Само од од 2008-ма до 2013-та има пораст од 200% . 
Во градините на Бакингамската палата постои еден дел недостапен за илјадниците туристи  посетители каде се поставени кошниците. John Chapple, кој бил Претседател на Лондонското Здружение на пчелари, уште во 2008-та бил повикан на интервју, а од 2009-та е главен пчелар на кралицата.  Во градината има езерце, а сред него има мал остров, рај за пчелите.  На островот има повеќе од 350 видови на диви цвеќиња и 600 растенија, што даваат одличен мед. Со само 2 кошници, во првата сезона собрале 83 тегли мед, додека наредната со уште 2 кошници повеќе собрале 160 тегли мед. 
Медот е полифлорен, чист и со златна боја, доволен за кујните во кралските домаќинства. 
Се вели дека кралицата ужива во медот како составен дел од нејзиниот појадок. Нејзината пресуда за медот? Многу убав.

John Chapple е одговорен и за други 40 кошници распределени во останатите кралски паркови како Regent’s, Hyde и St James’s. 

Интервју со John Chapple





Back to content | Back to main menu