5 совети за подобрување на велосипедските перформанси - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

5 совети за подобрување на велосипедските перформанси


Постојат неколку начини со кои можете веднаш да возите побрзо и неколку за кои треба малку повеќе пракса и трпение. Без оглед на вашата почетна брзина, следете ги овие совети за зголемување на просечната брзина на возење.
И запомнете, возењето велосипед е замислено да биде забавно. Сите почнале да возат велосипед, бидејќи уживаат во тоа.

1. Возење во група
Можете да заштедите околу 30 % енергија при возењето во група. Возењето со други, ќе ве охрабри да го подигнете нивото на напор, ќе ве поттикне да држите чекор со некој кој е малку побрз, што ќе помогне да се зголеми вашиот просек и ќе ви се подобри фитнес кондицијата за идните возења.

2. Возење во интервали
Ваков начин на возење овозможува понапорен тренинг кој е ментално поднослив. Возење во интервали подразбира циклус на кратки и брзи возења при брзини поголеми од вообичаените, а потоа успорување и опоравување пред повторно брзо возење. Постојаното возење со висок интензитет е тешко за телото, но уште потешко за умот, и затоа е потребен поголем напор да се задржи тој ритам на возење. Значи поделбата на интервали на интензивно возење и одмор, помага да возите понатаму.

3. Стреч облека
Возење со широка облека преставува препрека и дефинитивно ќе Ве успори. Стреч облеката е дизајнирана да не ве поти, со што возењето ќе биде помалку заморно. Барајте тенка облека со горен дел на отварање, а ако сакате да возите побрзо закопчајте го патентот.

4. Возење при ветровито време
Наместо да седите исправено со што создавате поголем отпор со телото, обидете се навалување на вашето тело поблиску до рачките. Веднаш ќе почувствувате разлика во возењето.

5. Исхрана
Ништо нема да Ве успори повеќе од дехидратација и / или намалување на гликогенот. Одржување на оптимална хидратација и енергија пред, за време и по завршувањето на тренингот, ќе ви овозможи максимално ниво на вежбање. Студиите на Универзитетот во Мемфис покажуваат дека медот како јаглехидрат е одлична опција за спортисти врз основа на неговиот низок гликемиски индекс и позитивен метаболички одговор. Медот нуди ефикасно производство на енергија. Овие резултати се одлични вести за спортистите кои сакаат на природени и лесен начин да ја зголемат енергијата.

Медот исто како и комерцијалните енергетски пијалаци и гелови нуди многу слични количини на јаглени хидрати. Но за разлика од него, енергетските пијалоци и гелови можат да содржат вештачки конзерванси, бои и засладувачи, и не ги содржат витамините и минералите кои се во медот.


Медот кој е содржан во Honeystick е природен чист мед без никакви додатоци како адитиви, конзеравнси или пак синтетички шеќери. Причината е дека ние го "произведуваме" на природен начин, без хемикалии, антибиотици и не ги преместуваме кошниците наоколу за да ја зголемиме продуктивноста. Го собираме само вишокот на мед кој не им е потребен на пчелите и го пакуваме во Honeystick.
Земете еден Honeystick, свртете го кон сонцето за да ја видите природната боја на медот во него, а потоа пробајте.
Со купување на нашите производи Вие поддржувате биодинамично пчеларење кое има за цел да ја заштити приодата и популацијата на пчели како незаменливи опрашувачи. Тоа е нешто со кое сите ние се чувствуваме добро.





No comments

Back to content | Back to main menu