работа - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

7 “Здрави” Причини Да Започнете Со Возење Велосипед Уште Денес



Велосипедизмот е еден од најлесните начини да се вклопи вежбањето во вашата дневна рутина, бидејќи е и вид на транспорт. Велосипедизмот е еден од најпријатните начини
на вежбање, како и еден од најздравите. Тоа е еден вид вежба со низок импакт, така што е полесно за вашите зглобови, за разлика од трчањето или други високо импактни аеробни активности.

Возењето велосипед сепак ви помага да бидете во форма.

Најдобар начин за градење на својата кардиоваскуларна кондиција, е возење на велосипед најмалку 150 минути секоја недела. На пример, може да одите на работа со велосипед неколку дена неделно, или направете неколку пократки рути во текот на неделата со подолго возење во текот на викендот. Наскоро ќе ги почувствувате придобивките.

  1. Возењето велосипед го подобрува вашето срце: Велосипедизот е поврзан со подобрена кардиоваскуларна кондиција, како и намалување на ризикот од коронарна срцева болест.
  2. Возењето велосипед ги подобрува вашите мускули: Возењето велосипед е одлично за тонирање и градење на мускулите, особено во долната половина на телото - вашиот листови на нозете, бутовите, и вашиот заден дел. Тоа е исто така одличен начин на вежба за оние кои имаат повреди на нозете или колковите, и заради кои неможат да бидат активни.
  3. Возењето велосипед е добро за вашиот струк: Можете да се согорат многу калории додека возите велосипед, особено кога возите малку побрзо од лежерното темпо. Исто така велосипедизмот, го подобрува Вашиот метаболизам, дури и по возењето.
  4. Велосипедизмот го зголемува вашиот животен век: Велосипедизмот е одличен начин да ја зголеми вашата долговечност, дури и кога ќе се земе во предвид и ризикот од повреди при возење велосипед.
  5. Возењето велосипед ја подобрува вашата координација: Истовременото движење на двете нозе во круг, додека управувате со двете раце и сопствената тежина на вашето тело, претставува добра вежба за координација.
  6. Велосипедизмот е добар за вашето ментално здравје: Возење на велосипед е поврзано со подобрување на менталното здравје, како резултат на покаченото ниво на ендорфин и допамин за време и после возењето.
  7. Возењето велосипед го подобрува вашиот имунолошки систем: Велосипедизам може да го зајакне имунолошкиот систем, што се должи на зголемување на: протокот на крвта, количеството кислород и внатрешните активности на вашето тело.

Sources : http://www.nhs.uk/
http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1111/j.1600-0838.2011.01299.x/abstract
http://news.discovery.com/



Што добива компанијата која во своите тимови има вработени кои рекреативно трчаат?

Published by in 04. Running · 11/11/2015 11:58:00
Tags: трчањеработапредности
Back to content | Back to main menu