подуеност; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

5 Чаеви кои ќе ви помогнат по празниците


Пиењето и печената храна за празниците може да ве остави дехидрирани и да предизвика стомачни болки. За да ја намaлите подуеноста и  проблемите со варење предлагаме неколку топли напитоци:
 
1. Лимон во млака вода, засладена со мед – го алкализира вашето тело и го намалува апетитот. Лимонот помага во одржување на pH рамнотежа на телото. Овој чај помага во губење на тежината, бидејќи го забрзува варењето и метаболизмот.
 
2. Чајот од анасон е истотака одличен избор, бидејќи ги ублажува дигестивните проблеми како што се варење, надуеност, надуеност, запек, гастроинтестинален гас . Оваа убава билка го стимулира варењето и го смирува дигестивниот тракт и го спречува создавањето на гасови. 
 
3. Чај од хибискус - не само што има прекрасна боја, туку хибискусот содржи флавоноиди кои влијаат на хормонот наречен алдостерон, кој го регулира балансот меѓу водата и електролитите. Вашиот стомак побрзо ќе се ослободи од сите несакани флуиди ако се напиете чај од хибискус.
 
4. Чај од камилица -  Најдобро е овој чај да се пие ноќе, бидејќи ќе ви помогне да заспиете. Но, тоj е исто така природен лек за смирување на вознемиреноста, подуеност на стомакот. Камилицата, природно, има анти-воспалителни и анти-спазматични својства.
 
5. Чај од ѓумбир - Оваа моќна билка ги релаксира вашите интестинални мускули и го намалува воспалението. Овој чај е токму она што Ви треба, за да се ослободите од гасови и надуеност. Ставете неколку тенки парчиња свеж ѓумбир во чаша врела вода, покријте го и оставете го околу 10 минути.
  
Засладете со мед, бидејќи има антисептични и антибактериски својства. Иако не е пробиотик, медот може да се користи како пробиотик, што значи дека е добра храна за добрите бактерии да напредуваат во вашиот систем. Медот исто така ги неутрализира гасовите во стомакот.
 



Back to content | Back to main menu