патека - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Што треба да знаете пред својата прва планинска велосипедска тура?


Планинскиот велосипедизам е подобар за вашето здравје - возење во околина без возила кои испуштаат CO2-е многу подобро за Вашите бели дробови. Исто така, планинските патеки често Ве носат на  мирни места, каде што можете да комуницирате со природата, да размислувате, и уживате на отворено.

Историја
Еден од првите велосипеди направени специјално за употреба за нерамни терени биле уотребени при експедиција на Бафало Војниците од Missoula, Montana во Yellowstone во август 1896 година. 

Вежби
Не треба да бидете професионалец за да праткикувате планински велосипедизам, но исто така не може и само веднаш да тргнете. Планинскиот велосипедизам бара многу повеќе динамичен фитнес, со комбинација на сила, издржливост и вештина. Со редовното вежбање може да ги зацврстите мускулите кои се користат за планински велосипедизам и да  добиете аеробна издржливост која е потребна за долги возења. Никогаш не сакате да возите 80 км по нерамен терен на првиот ден. Изградете ја својата издржливост, така што ќе може да се справите со подолгото возење, и постепено тренирајте додека не го постигнете бараното темпо.

Опрема
Потребна е  одредена опрема за да бидете безбедни на патеката. Од облека, поставените велосипедски шорцеви ќе придонесат да се чувствувате поудобно при долги возења. Додадете водоотпорна јакна во случај на временски промени и рефлектирачки елек ако се возите ноќе. Штитниците за колено и лакти ќе ви помогнат против гребење и падови, а ракавиците ќе ги задржат топли вашите раце и ќе ги заштитат од плускавци. A со добар пар очила за сонце, очите ќе се заштитат од УВ зраците, како и  од ветар и инсекти.

Јадење
Вода мора да имате секогаш, за да не дехидрирате. Бидете сигурни да пиете течност на секои 20 минути, дури и ако не сте жедни. Исто така, понесете ужина, како енергетски стапчиња  или HONEYSTICK, за да ја одржувате Вашата енергија. Според елитниот спортски нутриционист James Collins следење на нивото на јаглени хидрати е од клучно значење да се задржи нивото на  гликоза во крвта, потребно за снабдување со енергија на работните мускули.

Комплет за поправка
Ако вашиот велосипед се оштети на патеката,треба да бидете во можност да го поправите брзо. Понесете комплет итни алатки која вклучуваат хебла, сет за лепење на гуми, селотејп за привремено да ги покрие дупките и пумпа за да се надуваат издишаните гуми.

Кочење
Користење на вашите кочници бара од вас внимателност,  особено кога се спуштате. Поголемата тежина бара повеќе сила за кочење. Кога се спуштате, предното тркало носи поголема тежина од задното. Кочењето, со предните кочници помага да ја задржите контролата без да паднете. При спуштање, префрлете ја вашата тежина на задното тркало, а истовремено кочето со задната кочница. На овој начин се урамнотежува силата на двете кочници со што добивате максимална контрола.

Концентрација
Останете фокусирани. Спуштањето ја бара вашата најголема концентрација. Мора да внимавате на секој корен, камен, дупка и нерамнина. Вие, велосипедот и патеката треба да станете едно, на вашиот пат надолу по планината. Ако вашите мисли талкаат, тогаш тоа го може и вашиот велосипед, и да завршите во некое дрво.

Избор на патека
Патеките може да бидат рамни и лесни или тешки и карпести. Мудро бирајте ги патеките, т.е  врз основа на вашето ниво на вештина на возење и колку далеку сакате да се возите.
Почетниците треба да се држат до рамни патеки со неколку остри вртења или стрмни удолнини. Овие патеки треба да бидат слични на возење по пат. Просечните велосипедисти ќе сакаат патеки со камења, ридови, тесни места и цик-цак патеки. Искусните велосипедисти може да се обидат да одат на подолги возења.

Понесете го својот авантуристички дух и чувство за забава и создадете прекрасни спомени.





Back to content | Back to main menu