Македонија има 11 ловни региони со 256 ловишта. Есента е сезона на лов и планинaрите треба да превземат мерки за нивна заштита.
Совети за заштита кога планинaрите во сезона на лов:
1. Носете светла облека
Бидете видливи оддалеку. Одберете боја која се истакнува како црвена, портокалова или зелена, и избегнувајте црни, кафени, маслиново зелена или маскирна облека.
2. Бидете бучни
Свиркајте, пеете или разговарајте гласно за да ги предупредите ловџиите за Вашето присуство. Звукот добро се пренесува помеѓу планинските висови , при што ловџиите ќе Ве слушнат.
3. Бидете препознатливи
Ако слушнете пукање, викнете , за ловџиите да знаат дека сте во близина.
4. Разберете кога е сезоната на лов
Планинарете како вообичаено, но сепак бидете информирани кога и каде има ловна сезона.
5. Бидете запознаени со Вашето ниво на удобност
Ако не се чуствувате пријатно во близина на ловџии, тогаш одберете место каде ловот е забранет, како националните паркови.