1. Избегнувајте висока трева – Тоа е најдобриот начин за да се спречи каснување од крлеж. Исто така, крлежите се помалку активни при сончеви денови и веројантоста од каснување е помала, отколку при влажни, облачни денови.
2. Планинарете наутро и попладне – Зајдисонцето е време кога комарците се најчести и заради тоа избегнувајте ова време да бидете на патеката. Обидете се да останете на отворени, сончеви патеки наместо во сенки и шума.
3. Носете капа и алишта со долги ракави и ногавици – на овој начин помала е веројатноста инсектите да се “населат” во косата и по екстремитетите.
4. Избегнувајте парфеми и миризливи лосиони - тие “неприродни” мириси ги иритраат пчелите. Најдобар начин за да се спречи убод од пчели, оси, или стршлени е полека, со смирени движења да се тргнете од нивната патека на движење. Мавтање со рацете или други брзи движења можат само да предизвикаат напад. Пчелата боцка само еднаш бидејќи по боцкањето таа умира, и затоа напад од пчели е малку веројатен ако не е нивното живеалиште или егзистенција загрозена. Осите и стршлените не умираат при убод и можат да напаѓаат повеќекратно. Исто така, спакувајте ја добро храната и ѓубрето за да се избегне силниот мирис.
Ако не Ви пречи малку лепливост, медот е еден од најефикасните лекови за спречување на
чешање на кожата. Медот има анти-фламаторно дејство и го смирува местото. Медот исто
така има антисептички и антибактериски својства. Нанесете HONEYSTICK на местото на убодот. Нека отстои 15 минути. Измијте со топла вода. Повторете ја постапката колку што е потребно.
Млеко и вода
Измешајте еднакви делови млеко и вода, натопете со тенка крпа (како шамивче или стара маица) и тапкајте на вашата кожа.
Кесички чај
Ладните кесички чај ја упиваат течноста од убодот што помага да се намали чешањето и отекувањето.
Јаболков оцет
Ова е одличен лек за блокирање на чешањето, заради нивото на киселост.Тапкајте врз поединечни места или, ако вашето тело има премногу убоди, можете да додадете две до три чаши во вашата купка.
Сода бикарбона
Да се смири чешањето од убодот, се меша сода бикарбона со доволно вода за да се направи леплива паста, и намачкајте го местото и оставете да се исуши.
Паста за заби
Повеќето пасти за заби имаат нане или пеперминт вкус, и ментол состојка која создава чувство на ладење на вашата кожа. Плус, пастата за заби помага да се намали отокот.
Бидете свесни за видовите инсекти кои може да се најдат во областите на планинарење
и бидете подготвени. Добро би било со себе да имате и сет со прва помош.
Претходните информации се за едукативни цели. За медицински совет, дијагноза и третман, консултирајте се со вашиот лекар.