депресија - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Храна за подобро расположение

Published by Macedonian Honey in 05. Lifestyle · 8/2/2016 10:38:00
Tags: хранасреќаздравједепресија


Среќата зависи од нас самите, но патот кон среќата може да води преку Вашата чинија. Погледнете го нашиот избор на храна, која веднаш ќе го подобри вашето расположение:

Мед
 
Медот е замена за шеќер и е органски. Мед отсекого го прави среќен, а истовемено овозможува да бидете вредни како пчела. Кемпферолот и кверцетинот присутни во медот, го подобруваат здравјето на мозокот, т.е помагаат при намалување на воспаление на мозокот. Јагоди во мед, дејствуваат како афродизијак и го подобруваат Вашето расположение. Совршено за романтична вечер!


Лосос

Лососот е познат како богат извор на омега 3 масни киселини. Омега 3 го намалува крвниот притисок, го намалува холестеролот и го намалува воспалението во телото. Мастите присутни во лососот се добри за нервниот систем и мозокот. Тие го подобруваат мозокот и го одржуваат здрав и Ве прават насмеани.


Домати

Истото соединение што го прави доматите црвени, ликопен, помага во одржување на расположението, со спречување на формирање на про-инфламаторни соединенија, како интерлеукин-6, кои се поврзани со депресија. Тие содржат железо, триптофан, витамин Б6: главните состојки потребни на вашиот мозок, за генерирање на невротрансмитери кои служат како регулатори на расположението како серотонин, допамин и норадреналин. Дополнитено, високата концентрација на ниацин, витамин К, хром, витамин Ц, калиум, помага во борбата со хроничните болести како дијабетес и болести на срцето. Овие хранливи состојки  го намалуваат хомоцистеинот во крвта, фактор на ризик за депресија, срцеви напади и удари.


Цвекло

Цвеклото е еден од најдобрите извори на фолна киселина витамин Б, кој е од клучно значење за добро расположение, подобрување на меморијата, брзината на обработка, и рефлексите. Цвеклото, исто така, е преполно со бетаинот, кој нашиот мозок го користи за да се формира Сем-д, природен антидепресив. Уридинот, уште една важна хранлива матерја која се наоѓа во овој коренест зеленчук, го стимулира производството на фосфатидилхолин, кој помага да се зголеми моќта на обработка на мозокот.


Ореви
 
Во оревите се присутни три состојки што Ве прават среќни:
Магнезиумот е одговорен за подобрување на Вашето расположение, го зајакнува Вашето тело и растот на клетките. Полифенолите и антиоксидансите присутни во оревите ги подобруваат нервните врски и здравјето на мозокот што Ве прави повеќе внимателни.





Back to content | Back to main menu