бадем - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Направете сами маска од бадеми за сјајно лице

Published by Macedonian Honey in 08. Beauty · 16/2/2016 11:06:00
Tags: маскакожасјајлицебадеммедвитаминипротеинимагнезиум

Бадемите се сметаат за еден од најпознатите јаткасти плодови во светот. Бидејќи содржат голем број витамини и минерали, ги има речиси на секој континент.

Бадемот содржи околу 26 % јаглехидрати, 12 %од нив се диетални влакна. Околу 20 % од бадемот е составен од високо-квалитетни протеини, содржи есенцијални амино киселини. Бадемите се преполни со антиоксиданси и се богати со витамин Е, кој ја штити клеточната мембрана од оштетување. Исто така, магнезиумот содржан во бадемите помага во намалување на крвниот притисок и  на нивото на ЛДЛ холестеролот "лошиот холестерол".

Бадемите имаат голема примена во козметиката. Со конзумирање на бадеми, кожата изгледа беспрекорно блескава. Маската за лице направена со бадем помага во белеење на кожата и отстранување на лузни на лицето од страна на мозолчиња и акни. Ја храни и ја подмладува кожата, и помага да се намалат брчките.

За да направите сами направите маска за лице потребни Ви се:

• 1 лажица бадемово масло
• 1 лажица сок од лимон
 
Измешајте ги состојките во мал сад. Треба да се создаде паста што може да се применува по целото лице. Нанесете ја маската во утринските часови, оставете ја 30 минути и потоа исплакнете со топла вода.

Бадемовото масло е полн со антиоксиданси, богато е со витамини Е, А, Д и Б, а исто така содржи и протеини, есенцијални минерали и здрави масти. Богато со олеинска и линолова киселина. Поради неговата висока содржина на хранливи материи, ова масло се користи како производ за нега на кожата. Тоа се користи не само за кожата и нега на лицето, но исто така и како медицинско масло и за лекување на некои кожни заболувања.

За подготовка на бадемово масло потребно е блендер и:
• 2 чаши непечени бадеми
• 1-2 лажички маслиново масло

Подготовка:
Ставете ги бадемите во блендер. Бадемите треба да бидат суви и свежи. Се мелат на помала брзина, а потоа постепено брзината се зголемува. Откако бадемите ќе се смелат во крем паста, можете да додадете една лажичка маслиново масло. Откако ќе завршите со мелењето, смесата се процедува. Вака добиеното масло може да го користите за правење маски за кожа или за ароматерапија.





Back to content | Back to main menu