Сингапур; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Ракчиња во мед и сусам


Овој рецепт има доаѓа од градот држава Сингапур или "Singa Pura" што значи Град на лавот на санскрит јазик.
Лесно и едноставно јадење и може да се направени со само неколку состојки при рака. Пробајте го овој сингапурски специјалитет без да патувате дотаму.

За 3 порции потребно е :
• 450 гр ракчиња со опашка (излупени и исчистени)
• 1 лажичка масло за јадење
• ½ лажичка масло од сусам
• 1 чешне лук (истолчен)
• 1 ½ HONEYSTICK
• 1 лажичка јаболков оцет
• 1 лажичка сос од остриги (може замена соја сос)
• 120 гр. брокула
• сусам (за посипување)

Подготовка
Во еден сад ставете малку вода и варете ја брокулата 1 минута. Исцедете ја брокулата и ставете ја настрана. Во тава на средно-висока топлина ставете ги маслото за јадење и маслото од сусам. Додадете го лукот и гответе се додека не добие светло кафена боја.
Потоа додадете ги ракчињата и промешајте. Ќе осетите пријатен мирис. Додадете ги сосот од остриги, јаболковиот оцет и медот. Промешајте повторно уште еднаш и оставете кратко време да се зготви. Додадете ја на крај брокулата и посипете со сусам.
Послужете додека е топло. Исто така може да додадете свои состојки за гарнирање.

Добар апетит



Back to content | Back to main menu