пчели; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Добредојдовте во Првото Училиште за Природно Пчеларење



Добредојдовте пчелари, ентузијасти, почетници

Моето име е Елена Фиданоска и ќе Ве водам во првото училиште на далечина за пчеларење.

Со овој курс кој е подржан од Slovak Aid и Амбасадата на Република Словачка, ќе навлеземе во мистериозниот свет на пчелите, ќе ги запознаеме нивните навики и живот, нивните предатори итн.
Курсот има за цел да ги покаже основите на природното пчеларење, со користење на Elle-Hive™ кошницата како и сите операции кои се превземаат во текот на годината. Со нов пристап кон пчеларењето со употреба на природни материјали, a без употреба на хемикалии и штетни антибиотици.

Автор на лекциите е Огњен Фиданоски кој има 30+ години искуство во пчеларство. Ја креираше Elle-Hive™ која е прва наградена Европска кошница, која ги прави пчелите посилни и отпорни на климатските промени, а е единствена алатка за пчеларите.

Пред да почнете со пчеларење склучете  договор со вашите пчели: Вие ним им обезбедувате најдобри можни услови и како награда може да го задржите за себе само вишокот мед, надвор од нивните потреби.

Немајте илузија дека некогаш ќе ги натерате пчелите да направат нешто. Само со разбирање на природното однесување на пчелите и поттикнување и помагање на нивните навики, можете да направите да се чини дека ги „терате“ да прават било што.

Времето е сè! Треба да го знаете времето на вашите локални цутења и да ги подготвите вашите пчели и да ги дохраните кога ќе биде потребно.

Животот за пчелите во природата е брутален. Многу, ако не и повеќето, природни (диви) роеви не преживуваат. Или, неможат да најдат засолниште во случај на дожд,  можат да умрат од паразити или грабливци, или не можат да складираат доволно мед за да ја преживеат зимата. Најмалку половина од сите колонии умираат во природата секоја година - затоа немојте да се вознемирувате ако некоја од вашите колонии ја нема! Само, повторно надополнете ја кошницата со нови пчели.

ПРАВИЛА на пчеларење
1. На пчелите им треба топла, сува спална соба.
2. На пчелите им треба многу цвеќиња за да можат да складираат мед за зимата.
3. Пчелите треба да можат сами да се справат со паразити.
Толку - сè друго е само нечија идеја за тоа како најдобро да се создаде горенаведеното.

Не очекувајте две сезони да бидат исти!
Не постои „правилен начин“ за управување со пчелите - зависи од вашата локација, времето, целите и сл.
Сите пчелари грешат редовно и никој од нас не престанува да прави грешки. Пчеларството секогаш ќе се состои од низа изненадувања!
 
Нема крај на учењето пчеларство!
Да започнеме!




Бакингамската палата има тајно место само за пчелитe

Омилен мед на англиската кралица е медот од нејзината градина Интервју со John Chapple главниот кралски пчелар

Берлинската катедрала е дом на невообичаени гости

Published by in 11. Environment · 23/4/2019 10:46:00
Tags: Берлин;Германија;пчели;катердрала

Урбаните пчели во борба против досадните чавки

Published by in 11. Environment · 17/4/2019 10:43:00
Tags: Токио;пчели;чавки;Гинза
Во Ранг со Петтата Авенија шопинг област во Њујорк, Гинза областа во Токио е една од водечките светски центри во градот, полна со стоковни куќи од висока класа и дизајнерски продавници.

Урбани пчели кај “Фантомот во операта”

Published by in 11. Environment · 11/4/2019 09:43:00
Tags: Париз;Опера;JeanPaucton;пчели;мед
На крововите на Операта Palais Garnier во Париз се наоѓаат невообичаени станари.
Back to content | Back to main menu