овошје; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Овошен коктел за најмалите


Идеален е за прослави, со овој коктел децата можат да уживаат како и возрасните.
При подготовката на овој коктел може да Ви помогнат најмалите. Освежителен и без шеќер, ќе ја врати потполно енергијата и ќе ја засити жедта.

За овој овошен ладен пунч потребен е длабок овален сад, од кој децата ќе можат сами да се послужуваат.

За 8 чаши потребно е
  • 500 мл сок од портокал
  • 500 мл сок од јаболко
  • 4 кесички овошен чај
  • Цимет стапче
  • Малку каранфилче
  • 1 портокал
  • 1 јаболко
  • 1 лимон
  • Honeysticks
  • лед
 
Подготовка
Во тенџере ставаме 1  литар вода, ги додаваме циметот и  каранфилчето. Пред да зоврие водата ги додаваме  и кесичките чај. Oставаме 10 мин. да одстои. 
За тоа време ги лупиме јаболкото и портокалот и ги сечеме на коцки. Ги ставаме во големиот овален сад и ги преливаме со сок од лимон. 
Во тенџерето ги додаваме сокот од портокал, сокот од јаболко и  медот. Се убаво треба да се измеша. Вака подгтвениот пунч го претураме во овалниот сад. Додаваме  коцки лед по желба.




Back to content | Back to main menu