лек; - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Мед и лимон за болно грло и кашлица

Published by in 01. Health · 17/10/2016 15:49:00
Tags: мед;лек;кашлица;грло;лимон;цимет;сувогрло;домашенлек

Се чини дека ова е тоа време од годината кога сите се болни. Ибупрофенот или парацетамолот привремено ја олеснуваат болката во грлото. Без разлика дали болката
е од премногу викање, или се работи за еден од првите симптоми на настинка или
е последица на сувиот воздух во канцеларии со централно греење, постои ефикасен начин да се смири болката во грлото, па дури и да се спречи. Пиење напиток од лимон, мед и млака вода помага да се смири грлото и олабавување на слузот кој може да ги иритира дишните органи.
 
Медот веќе долго време се користи како лек при болки во грлото. Медот има антибактериски својства и, исто така делува врз дишните патишта т.еја црпи водата од воспаленото ткиво. Ова го намалува отокот и непријатноста. Покрај тоа, неговата блажина
може да стимулира саливација и ослободување на слуз во дишните патишта, природно ослободување на кашлање. Лимонот може да го подобри вашиот имунолошки систем.
 
Според едно истражувањена деца на возраст од 2 години и постари со инфекции на горниот респираторен тракт им биле давани до 2 лажички (10 милилитри) мед пред спиење. Медот го намалил ноќното кашлање и го подобрил спиењето. Сепак, немојте да давате
мед на деца под 1 година возраст, поради ризикот за новороденчињата и ботулизам.
 
NHS (National Health Service from UK) официјално препорачува "домашен лек за кашлица кој
содржи мед и лимон". "Наједноставниот и најевтин начин за лекување на краткорочни кашлица може да биде домашниот лек кој содржи мед и лимон. Медот е демулцент, што значи дека ја олеснува иритацијата што предизвикува кашлање. " 
 
Според д-р Оз "Медот е познат за зајакнување на имунолошкиот систем. Дневната доза на мед може да ви помогне да се чувствувате енергични и да останете здрави. Медот, исто така има антибактериски и антимикробни својства; ако имате суво грло, медот ќе го смири и помага за надминување на оваа состојба. Користете го во вашиот чај, кафе, обична топла вода или самостојно. Можете дури и да направите гаргара со мед (и лимон) во солена вода кога смесата е на собна температура. "

Напиток од мед  и лимон како домашен лек
½ лимон сок
Малку цимет
125 мл млака вода
• Сокот од лимонот се става во млака вода ... најмногу колку температурата на телото
• Додадете ги медот и циметот и измешајте добро
• Се пие на празен стомак наутро и навечер пред спиење

Напомена
Консултирајте се со вашиот лекар ако при кашлање имате зелена слуз, кашлицата е придружена со температура над 37,7 степени, имате отежнато дишење, или краток здив.
Напитокот од мед и лимон во топла вода може да помогне да се потисне кашлицата, но тоа нема да помогне во лекувањето на причината за вашата болест.




Back to content | Back to main menu