Тема 5-6: Дизентерија - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-6: Дизентерија

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 15:55:00 · Download 5-7.------------.m4a
Ова не е заразна болест, туку се јавува поради премногу материи во цревата. Причинителот на оваа болест е малку познат и ние не можеме многу да сториме во борбата против него. 
Иако болеста не е поврзана со ноземозата, сепак придонесува за ширење на ноземозата и способностса за градба наредната пролет. 
Еден од можните причинители на дизентерија во зима е кристализираниот мед. 
Добро е  да се прихранат пчелите со шеќерен сируп без разлика на тоа колку залихи храна имаат. 
Доколку немаат место каде да го складираат  (што е невообичаено и индицира на слаба колонија, бидејќи присуството на легло ќе го намали просторот за складирање), отстранете неколку рамки и ставете неколку празни пити во центарот на плодиштето. Кога шеќерниот сируп се складира последен, значи дека ќе се користи во главниот дел од зимата, кога летањето е редуцирано и дизентеријата може да предизвика проблем.




No comments

Back to content | Back to main menu