Тема 5: Зарази и болести - Колонија без матица - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5: Зарази и болести - Колонија без матица

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 15:05:00 · Download 5-1.--------------------.m4a
Најчесто многу луѓе лесно донесуваат заклучок дека нема матица во колонијата. Ако забележат дека нема легло, тогаш одговорот е сигурно нема матица. Но иако кога нема матица, нема легло, не значи дека е единствен услов. Може да има млада матица која не почнала со залегнување.  Бројот на колонии кои по природен пат останале без матица во екот на сезоната е многу мал, а секогаш е со грешка (помош од пчеларот). 

Препознавањето на колонии без матица е потешко од претпоставеното.
Главните знаци се дека колонијата е понервозна од вообичаено, пчелите се помалку организирани на саќето. Сите тие знаци покажуваат на недостаток на матица, но не се доволни за конечен заклучок. 
Во текот на речиси целата година со поставување на тестно саќе може со сигурност да се одреди присуството на матицата. Од друга колонија се зема пита со младо легло, се стресуваат пчелите и потоа се става во кошницата во која проверуваме дали има матица. Питата се става во средина на колонијата. Ако колонијата нема матица, пчелите ќе направат матични ќелии на саќето кои лесно можат да се забележат 4-5 дена подоцна. Ако не направат матични ќелии, тогаш тие имаат некаква матица која треба да се најде. Најчесто таа пита ќе ја привлече матицата и таа ќе се најде таму. Затоа отворете и извадете ја тест питата. Единствениот пат кога нема да успеете со тест саќе (пита) е во периодот откога колонијата се изроила. Тогаш, дури и со девица, пчелите ќе изградат матични ќелии за да продолжат со роење. Еднаш кога колонијата ќе се изрои, не би помислиле дека е без матица до месец дена откога заминал последниот рој. Потоа тест саќето може да даде добар резултат.




No comments

Back to content | Back to main menu