Тема 4-1: Случувања во пролет - лето - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 4-1: Случувања во пролет - лето

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:54:00 · Download 4-1------------------------.m4a
Во рана пролет кога нема нектар, голем број на пчели ќе летаат до најблискиот извор на вода и ќе им ја предадат на пчелите од леглото. Дел ќе се искористи за разблажување на медот. Секој ден ќе се користат резервите на мед прво од долната страна на саќето и потоа матицата веднаш ќе ги залегне празните ќелии. 
Кога ќе почне да се внесува малку нектар, ќе се намали трошењето на залихите. Свежиот нектар ќе ја поттикне матицата на поинтезивно залегнување и така малиот внес на нектар нема да се забележи заради зголемените потреби за одржување. Кога ќе почне зголемен внес на нектар, тој ќе се складира одоздола нагоре се до медишниот простор. Сеуште ќе се користи мед од залихите, но во многу намалена форма и пчелите кои носат вода за разблажување, драстично ќе се намалат. 
Како повеќе нектар влегува во кошницата, така таа добива на тежина, а водата од нектарот ќе испарува со вентилирање. Кога ќе почне главниот внес на нектар со голема популација на пчели собирачи кои го внесуваат нектарот најбрзо штом ќе го соберат, пчелите нема повеќе да го чуваат нектарот во нивниот меден стомак, па значајна количина ќе биде складирана во празните ќелии во леглото, а во некои случаи и одозгора врз јајцата. Носачите на вода не се потребни и стотици пчели ќе го процесираат медот за на крај да го складираат во медиштето и поклопат.
Имајќи го претходното на ум, пчеларот ќе научи дека ако складиранит мед + внесениот нектар не се доволни за опстанок на колонијата, таа ќе умре без разлика на периодот на годината. Ќе разбере дека бројот на пчели кои носат вода, ќе му даде добра претстава за достапноста на нектар во природата.



No comments

Back to content | Back to main menu