Тема 1-4: Жлезди на главата, градниот кош и абдоменот - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 1-4: Жлезди на главата, градниот кош и абдоменот

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 11:50:00 · Download 1-5.------------------,-------------------------.m4a
Веднаш во устата има пар од многу големи жлезди сместени во главата и околу мозокот. Ова се жлезди за храна за леглото или hypopharyngeal жлезди. Жлездите се составени од голем број на мали сферични тела собрани во грозд околу еден централен канал. Овие мали тела се составе ни од клетки за лачење и кај малите пчели, тие се набабрени и округли. Овде се произведува хранатa за младите или "bee milk".
Како пчелата старее и станува собирач на нектар, така овие округли тела се смалуваат и веќе не произведуваат храна за младите, туку ензим инвертаза кој го разлага шеќерот. Доколку е потребно за опстанок, пчелите собирачки можат повторно овие жлезди да ги користат за хранење на младите произведувајќи "bee milk". На "bee milk" му се додаваат презервативи кои не дозволуваат да се расипе, по дејство на бактерии. Тие презервативи се произведуваат од пар жлезди кои лачат на внатрешниот дел на мандиблите и притоа содржината се меша со "bee milk" која е
"piped out".
Други супстанци произведени од мандибуланите жлезди вклучуваат и хептанон кој делува како алармен мирис до останатите пчели. Кај матицата жлездите се многу поголеми и произведуваат “fatty acids” кои што ги нарекуваме “queen substance”
кој е од големo значење за контрола на пчелите. Две пљувачки жлезди се појавуваат во главата и градниот кош, завршувајќи во заеднички пролаз, по еден на секоја страна од јазикот.
 
Нивниот секрет се користи за да го разреди медот и да ги разложи кристалите на шеќерот, особено кога има недостаток на вода.

Четири пара на восочни жлезди се распространети на долниот дел од абдоменот. На горната страна на абдоменот  на последниот видлив сегмент се наоѓа насонова жлезда. Оваа жлезда продуцира мирис  кој кога жлездата е изложена и со крилата пчелата го раширува мирисот е повик за другите пчели да се соберат. Така се собираат борците, кога постои вознемирување на колонијата, но исто така да се обележи местото за собирање на нектарот. Овој мирис не е својствен за секоја колонија посебно , туку е ист кај сите.
Постојат две жлезди кои се поврзани со боцката: жлезда за отров и алкална жлезда која врши подмачкување на механизмот за боцкање.




No comments

Back to content | Back to main menu