Тема 1-5: Нервен систем - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 1-5: Нервен систем

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:15:00 · Download 1-6.--------------.m4a
Инсектите имаат не само мозок сместен во главата туку и неколку помали подмозоци или ганглии распоредени по целото тело. Ганглиите помалку или повеќе се независни во својот сегмент, но можат да бидат контролирани и "прекомандувани” со пораки од мозокот.
Кај пчелата се среќаваме со еден од најнапредните системи од сите инсекти со
огромен репертоар на активности.

Вспоредба со нејзината големина, мозокот е многу голем. Тој најмногу се состои од оптичка лепеза, но централниот дел содржи центри за координација и тој е најголем во сооднос со другите делови од мозокот, и во однос на другите инсекти. Две цевки поминуваат од мозокот околу езофагусот (esophagus) до ганглиите доле, од каде други две се враќаат да се поврзат со првите две во градниот кош и потоа со пет ганглии во абдоменот. Секој ганглион има нервни влакна кои се поврзуваат со сензорни завршетоци на надворепниот дел на инсектот. Другите влакна носат нервни импулси од ганглиите до мускулите и внатрешните органи. Антените се главен извор на чувство.
Очите на пчелата се комплетно различни од човековите. Главен орган за вид се две големи сложени очи наместени од страна на главата. Тие се поголеми кај трутовите отколку кај пчелата. Секое око е направено од илјадници мали едноставни очи наречени ommatidia. Многу е дискутирано низ годините што влушност гледаат и каква слика се продуцира од целиот комплекс на сложеното око, но многу мистерии се останати. Досега сме дознале дека може да препознае околина ако одеднаш се донесат во околина каде веќе летале. Можеме да ги тренираме на различни облици, можат да разликуваат коцка од крст, но не и коцка од круг. Можат да гледаат бои и да разликуваат одредени тонови барем на неколку бои како и ние, иако гледаат различни бои од оние кои ние ги гледаме, бидејќи нивните очи се осетливи на различен дел на спектарот, притоа не можат да приметат црвена, но приметуваат светло во ултравиолетовиот регион кој е невидлив за нас. Знаеме дека нивните очи се осетливи на поларизација на светлото кое ние воопшто не можеме да го видиме, освен со помош на одредени кристали или полароидна пластика.




No comments

Back to content | Back to main menu