Тема 5-2: Грабеж - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-2: Грабеж

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 15:18:00 · Download 5-3.-------.m4a
Ова е кошмар за секој пчелар, бидејќи кога еднаш ќе почне, тешко може да се сопре. Постојат два типа на грабежтивок” и нормален.
"Тивкиот" грабеж се случува кога и двете колонии се потполно мирољубиви, не се случува ништо невообичаено однадвор на влезот, нолетањето се случува внатре. Често овој грабеж ќе продолжи се додека комплетно не се украдат залихите со мед, а пчелите ќе изгладнат или ќе се префрлат во ограбувачкото друштво. Најверојатно на овој начин се испразнети оние колонии кои се комплетно празни со пчели, легло и мед, но во кои келиите се исчистени и во одлична кондиција. Тивкиот грабеж тешко е да се сопре без да се однесе едната колонија на друг пчеларник. Сменувањето на местата на двете колонии, често внесува доволно збунување да се сопре грабежот, но не секогаш.

“Нормалниот” грабеж полесно се забележува по препознатливото “цик-цак” летање. Превенцијата е поефикасна отколку “лечењето” што се однесува до грабежот. Веднаш треба да се исчисти се што ќе капне. Особено внимание треба да се обрати како сезоната напредува, а особено од средината на Јули па натаму. Грабежот ќе стане голем проблем ако  на пример во август работите со отворени кошници или нуклеуси. Намалувањето на големината на влезот помага да се редуцира грабежот и веднаш кога медот ќе се тргне од кошниците, треба да се постави блокада на влезот од големите колонии.




No comments

Back to content | Back to main menu