Тема 5-11: Камено легло - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-11: Камено легло

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 19/5/2020 11:12:00 · Download 5-10.3-------------.m4a
Многу е поопасно од варовното легло и го предизвикува габа  или подобро објаснето збир на сродно поврзани габи кои припаѓаат на генот Aspergillus
Тие се разгрануваат во ларвата или во куклата и ја мумифицираат, заради што наместо да изгледа како кај варовното легло, таа изгледа зрнеста и жолтеникава. Значи оваа/ овие габи ги напаѓаат и поклопено и непоклопено легло. Нападнатата ларва се размекнува. Потоа ја покрива бела или сиво-бела мувла, која подоцна станува сива, сиво-зелена или сиво-жолта. Ларвата се стврднува, станува каменеста и кршлива.

Болеста вообичаено го напаѓа пчелното легло, а може да се пренесе и на возрасните пчели, па и на човекот и другите животни. Возрасните пчели брзо ги убива.

Оваа болест не треба да се лечи туку болното друштво да се запали со се пчели, саќе и се останато во кошницата. За време на третирањето, пчеларот треба да ја заштити устата и носот со влажно марамче за да се оневозможи продирање на спорите во органите за дишење. 

Медот не е за употреба, па и тој треба да се запали. Aspergillus е болест на душникот и дури може истата да се развие и кај човекот. 




No comments

Back to content | Back to main menu