Тема 3-1: Однесување на “куќната пчела” - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 3-1: Однесување на “куќната пчела”

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:42:00 · Download 3-1.--------------------------.m4a
На младата пчела и недостасува концентрација и затоа не се зарджува на одредена работа повеќе од 30 мин. Денот и е исполнет со одмор, шетање и работење во речиси еднакви пропорции, но не повеќе од неколку минути до половина час и трите работи се изведуваат по случаен избор. Пчелите кои се одмараат завземаат многу смешни позиции со нозете кренати нагоре и телата пикнати во ќошот. 
Пчелите кои се на прошетка” изгледа дека немаат некоја очигледна цел, но оваа активност вклучува неколку важни делови од нивното однесување. Веројатно најзабележливото од овие е константното нудење и примање на храна. Со овие контакти не се предава само храна, туку и феромони” добиени со лижење на матицата кои го контролираат некоие од однесувањето на пчелите. 
Шетајќи пчелите доаѓаат во контакт со ќелиите и со ларвите на кои им е потребна храна, на некои поклопец, градба на саќе и сета останата работа во кошницата. Можно е ваквите контакти да ја стимулираат пчелата на работа. 

Тие исто така изведуваат разни танци кои на нас малку ни значат, но сигурно содржат некои пораки. Овие танци се случуваат во било кое време. Еден танц кога пчелата се протресува или бутка, може да биде барање за да се услужи. Веднаш друга пчела ќе дојде и  ќе почне да ја грицка пчелата која танцува, обично помеѓу градниот кош и абдоменот. Најверојатно ова е тешко место за почешување. Во друг танц, пчелата трча наоколу застанувајќи накратко да ја бутка главата од друга пчела или да и се качува на грбот тресејќи го телото нагоре и надолу. Се претпоставува дека ова е можеби поврзано со роењето, но мислам дека е премногу генерализирано, бидејќи со сигурност се случува кога нема матични ќелии.

 
Во секој случај овие шетања се многу битни за генералната контрола и кохезија на колонијата. Секој ден излетуваат 1000-2000 нови пчели и ти е си наоѓаат работа во центарот на гнездото. Останатите се истиснуваат надвор од гнездото каде работат на процесирање на нектарот во мед, а уште понатаму каде го превземаат нектарот од собирачките.
На 4-5 ден, откако пчелата ќе излезе од челитата, таа излегува на кратки летови. Тоа обично се случува  попладне, на добро време, топло и не многу ветровито.
Сите млади пчели излетуваат на лет за играње во речиси исто време. Се забележува на пчеларникот илјадници пчели кои зујат истовремено и кружат наоколу. Многу трутови можат да летаат и нивниот подлабок звук дава посебна нота. Собирачките секако ќе летаат низ овој ктуг од пчели по нивните прави линии влетувајќи во кошницата што е можно побрзо. Во исто врмее “outward-bound badgers”  се појавуваат на влезот често трчајќи напред назад, правејќи пауза понекогаш за да се избришат очите и антените со четките од нивните предни нозе и  да исчезнат во далечината. Младите кои се излезени на лет за играње се собитаат на влезот исе чешкаат меѓусебно со допирање на антените. Кога ќе полетаат кружат околу кошницата. Така тие ја учат кошницата и околината каде се наоѓа. Изгледаат како да имаат фотографски апарат и го сликаат местото каде се наоѓа. Ако поместите некој камен кој бил близу кошницата или се искоси тревата, ќе настане општ хаос неколку часа додека се навикнат на новиот изглед. Тоа може да предизвика да се изгубат некои од собирачките и да влезат во погрешна кошница. 



No comments

Back to content | Back to main menu