Тема 2: Животен циклус и метаморфоза - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 2: Животен циклус и метаморфоза

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:33:00 · Download 2.-----------------------------.m4a
Пчелата минува низ 4 стадиуми низ нејзиниот живот. Тие се: јајце, ларва, пупа (кукла) и imago(возрасни).

Јајцата се parthenogenetic и тие се развиваат во зависност од тоа дали се оплодени со сперма од трут или не. Неоплодените јајца произведуваат трутови, а оплодените пчели. Од тука, трутовите имаат само еден сет на хромозоми бидејќи немаат татко. Пчелите имаат дупли сет на хромозоми по еден од секој родител. Јајцата се снесуваат во три типа на ќелии:        
  • трутово легло – (голема шестоаголна ќелија)        
  • пчелно легло (мала шестоаголна ќелија)        
  • матични ќелии кои се многу големи со форма на напрсток поставен вертикално

Постои расправа за тоа како матицата решава какво јаце ќе снесе, но се мисли дека претходно со нејзините долги нозе го мери дијаметарот на ќелијата и ако е голема тогаш снесува јаце без да дозволи спермата да излезе од сперматеката. Кај останатите таа дозволува спермата да влезе во вагината и да ги оплоди јајцата. 
Сега сме оставени со еден несекојдневен проблем на постоење на две различни женски единки:пчела и матица. Лесно се покажува дека секое оплодено јајце може да произведе или пчела или матица, во зависност од тоа како ќе биде негувано. Секое јајце се развива три дена без разлика дали е оплодено или не.

Малата бела ларва без нозе брзо се опколува со бело пчелно млеко создадено од
 hypopharyngeal и мандибуларните жлезди на пчелите негувателки. Ако ларвата е во матична ќелија тогаш се повеќе пчелно млеко кое во овој случај се вика матичен млеч, се додава и ларвата плива во млечот кој се додава се додека ќелијата не се затвори со восочен капак. Пчелата исто така се храни со големи количини на пчелно млеко во првите три дена, после кои се храни со помалку количини почесто, додека ќелијата не ја затвори со восочен капак  на осмиот ден.

Хранењето на ларвата во матичната ќелија и во пчелната ќелија , се разликува несамо квантитативно, туку и квалитативно. Досега непостои некое конзистентно објаснување на оваа квантитативна разлика, но е покажано дека степенот на метаболизам на двата типа на ларви се разликува кога се само 12 часа стари. Тоа е многу порано пред да настане квантитативна разлика во храната. Затоа претпоставуваме дека можеби постои разлика помеѓу матичната млеч и пчелното млеко. 
Во периодот на хранење, матичната ларва ја зголемила својата тежина за 3000 пати, додека пчелната за 1500 пати.  Заради ваквото рапидно растење, 4 промени на кошулката се случуваат пред да се затвори ќелијата, а петата се случува потоа.

Треба да се забележи дека кај инсектите, периодот на растење се периодот на ларва  со многу мала разлика во анатомијата меѓу малата ларва од третиот ден и големата. Ларвите се добро спакувани со големи залихи на протеини и јаглехидрати, така да кога ќе бидат спремни да поминат во фаза на кукла тие имаат најголема тежина. Потоа нивната тежина постепено се намалува, бидејќи некои од залихите ќе ги користат за да го развијат телото. 
Затоа возрасната единка е многу полесна од ларвата. Во текот на целиот период на ларва, таа е благо свитката во ќелијата и е наместена со главата нагоре кон отворот на ќелијата. За разлика одќе лијата која е допро исполирана, восочниот поклопец е рапав и ларвата тоа го чуствува и тука ја поставува главата.

Пред да излезе, таа го пробива поклопецот. Малку се знае за исхраната на трутовите ларви, чии поклопци се повисоки во однос на другите.





No comments

Back to content | Back to main menu