Тема 1: Анатомија на пчела - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 1: Анатомија на пчела

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 11:19:00 · Download 1.-------------------.m4a


Телото на пчелата е поделено на 3 главни дела:глава, граден кош и абдомен.

Главата содржи пар антени, уста и очи. Очите се два вида: 2 големи очи кои се главен орган за вид и на врвот на главата 3 едноставни очи кои најверојатносе монитори на интензитетот на светлина. Внатре во главата е мозокот и неколку многу важни жлезди.

Градниот кош е поделен на три дела: про, месо и мета. Секој од овие сегменти содржи пар на нозе, а последните два имаат по еден пар на крилја. Внатрешно, градниот кош содржи мускули за движење, од кои најголеми се мускулите кои ги придвижуваат крилјата и кои се главни производители на топлина и при летање и при одмарање. Овие мускули се нарекуваат индиректни мускули, бидејќи тие не се закачени директно на крилјата, туку го деформираат градниот кош за да ги придвижат крилјата. Помали директни мускули го контролираат правецот на летање.

Абдоменот е поврзан со градниот кош со “тесно грло” и е составен од 6 видливи “телескопски“ делови. Внатрешно, абдоменот содржи хранлив канал, восочни жлезди, срце, боцка (жило) и придружни жлезди кај пчелата и матицата и репродуктивни органи кај двата пола. Цврстите делови и  мембраните кои служат за поврзување наделовите се нарекуваат егзоскелетон. За разлика од човекот, инсектите го имаат скелетот однадвор, а мускулите закачени одвнатре. Егзоскелетонот е составен од два дела. Епидермисот е една наслага од живи клетки која се протега како еден голем чаршав преку цалото тело. Неживиот материјал излачен од епидермисот го создава цврстиот но флексибилен надворешен покривач, кој ние го гледаме на инсектот, а се вика кутикул. Кутикулот е составен од структурна супстанца која се вика китин, во која е инјектиран протеин нареченсклеротин. Овој протеин ги формира тврдите плочки, но не и мембраните кои ги поврзуваат плочките. Кутикулот не е отпорен на вода и инсектот бргу ќе се исуши и ќе умре доколку не постои еден многу тенок покривач врз кутикулот кој се вика епикутикол. Тој е составен од неколку облоги од кои секоја содржи водоотпорен восок кај е заштитен од триење со тенка и цврста “цементна подлога”. Фактот дека инсектот е покриен со овој “мтров” кутикол, значи дека за да расте потребен е метод на зголемување на егзоскелетонот. Методот кој еволуирал кај инсектите е тој што периодично целиот кутикул се откачува од епидермисот, кој излачува нов кутикул во стариот кој подоцна е разложен од ензимите кои се лачат во просторот меѓу стариот и новиот кутикул. Кога овие процеси ќе завршат, старат кожа се дели, инсектот се провлекува во својот нов, поголем и многу мек (слаб) егзоскелетон кој брзо зајакнува, спремен да го дочека следниот стадиум на развојот. Овој процес на промена на кутикулот, се вика eldysys или moulting. Еldysys се јавува само во периодот на ларва и пупа.




No comments

Back to content | Back to main menu