Тема 6: Непријатели на пчелата - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 6: Непријатели на пчелата

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 19/5/2020 11:22:00 · Download 6.-----------------------.m4a
Восков молец
Тоа се пеперутки со сива, односно пепелно-сива боја, кои при отварањето на кошницата често можат да се видат под поклопената даска или под платнениот покривач или на други места кои се недостапни за пчелите. Кога мирува, оваа пеперутка ги свиркува крилата како кров,  пред да полета, таа трча. Во науката се вика Galleria mellonella.

Женката полага 400-18000 ситни бели јајцевидни јајца, кои во кошницата тешко се приметуваат бидејќи се полагаат во пукотини, дупшиња и други скриени места. Женката не полага јајца само во кошниата. Навечер излегува од кошницата и бара добро место, а нејзе и одговара било кое место каде може да се најде саќе. Таа сака скриени и темни места. Колку саќето е по-одвоено  меѓу себе и изложено на светлина, толку е помала опасноста женката да снесе јаце таму.

После 5-8 дена се изведуваат ларви кои си прават ходници по саќето, заштитувајќи  ги со материја од фини конци (како пајажина). Од ќелиите од саќето земаат за себе потребна храна од останатите кошулки, исфрлениот измет од ларвите, поленот и восокот. Во младото чисто саќе за нив нема доволно храна и затоа тоа не ги привлекува. Ако тоа се наоѓа заедно со старо саќе и тоа ќе биде зафатено. После извесно време ларвите бараат место каде што ќе се зачаурат. Ларвите прво ќе го вдлабнат избраниот предмет, а потоа во таа вдлабнатина, како во колевка, ќе испредат чаура. Тоа е обично во ѕидот на кошницата, летвичките или некој друг цврст  предмет. Можат дури и да се најдат под подот или позади орманот каде го чувате саќето. Зачаурените ларви се претвораат во кукли, а потоа во пеперутки.

Развојот на восковиот молец зависи од храната и топлината. На  температури пониски од 10Ц ниту јајцето, ниту ларвата, ни куклата не се развиваат, а до -5Ц ја задржува способноста да под поволни услови продолжи да се развива. На температура под -5Ц, восквиот молец на сите стадиуми на развој ја губи способноста да се развива.

Восковиот молец е постојан следбеник на пчелните друштва. Ако колониите се јаки и здрави, тој не може да направи штета. Кога колонијата ќе оболи или изгуби матица, молецот е тука да од своето засолниште тргне во напад. Но саќето кое е складирано е во постојана опасност на температури над 10Ц. Значи од рана пролет до доцна есен. 

Затоа тоа треба повремено да се сулфурира. Суфурирањето се извршува со чад од согорување на сулфурот. Сулфурот и останатите средства ги убиваат сите стадиуми освен јајцата. Кога температурата ќе падне по 10Ц, задимување не е потребно.


Пчелна вошка
Тоа е една врста на мува без крила. Обично се наоѓа на грбот од пчелата, меѓу главата и градниот кош. Таа се храни со мед и млеч. Ја напаѓа и матицата користејќи ја храната со која ја ранат пчелите.

Најдобар начин на борба со вошката е одржување на чистота во кошницата и редовна смена на саќето. Некогаш на пчелите треба да им се помогне да се ослободат од вошките. 

Тоа се прави со тутунски чад, нафталин и канфор. На парче  жар да се стави тутун во чадалката и предвечер да се задими. Леглото да се затвори и после 3-5 минути да се извлече картонот од подот. Чадот од тутунот, нафталинот и канфорот ги зашеметува вошките и тие паќаат од пчелите. Потоа картонот да се запали со се вошките.

Мувлосани ќелии, полен
Малите колонии кои не можат да ја контролираат внатрешноста на кошницата или колонии кои се наоѓаат во екстремно влажни пчеларници во зима, често имаат мувлосани ќелии во пролет. Овие делови треба да се одсечат и да се стопи восокот, за да се спаси. Мувлосаниот полен е предизвикан од габата Ascosphaera alvei близок на причинителот на варовно легло. 
Поленот се претвора во тврд блок и е неупотреблив за пчелите и неможе да биде отстранет од нив. Доколку колониите имаат доволно залихи тогаш секоја ќелија со полен ќе биде дополнета со мед и затворена и проблемот со мувлосан полен нема да се појави.

Глувци
Глувците се опасни за пчелите само во зима. Тие обично се вовлекуваат во кошницата во есен кога ќе залади и времето ќе стане врнежливо. Ласицата, бувот се ранат со глувци. 
Пчеларски чешел е доволна заштита  кој може да се извади кога ќе почнат силни мразови и студ.

Птици
Од сите најопасна е птицата пчелар” (Merops apiaster).
Тоа е убава птица, на грбот има пердуви со загасено кестенаста боја. Главата, стомакот, крилата и опашката се со плаво-зелена боја, додека вратот е со жолта како злато боја.


Постојат и крастава жаба, стршлен, пајак, оса...




No comments

Back to content | Back to main menu