Тема 5-1: Матица трутовка и пчела матица - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-1: Матица трутовка и пчела матица

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 15:14:00 · Download 5-2.-------------------------------.m4a
Присуството на овие две “pests” напасници, лесно може да се воочи. 
Во првиот случај по трутовските ќелии во средина на леглото, а во вториот според присуството на џуџести” трутови во гнездото. 
Меѓутоа за почетник не е лесно да се направи разлика меѓу двата случаи. Матицата трутовка е обично лесно воочлива според трутовското легло насекаде, особено во делот од гнездото пополнет со ќелии за пчели. Колонијата сеуште ќе биде разумно голема со најмалку 2-3 пити со легло.
Вистинските потешкотии можат да се јават при пролетните прегледи. Тогаш може да се забележи слаба колонија со легло на 1-2 пити и тоа сето трутовско.

Дали се работи за матица трутовка или пчела матица?
Трутовката ќе ги полага јајцата нормално збиено во круг со само неколку празни ќелии. Пчелата матица тоа ќе го прави на похаотичен начин со купче легло таму или ваму на не толку компактен начин во елипса или во круг.

Колонија со пчела матица е комплетно изгубена. Тешко се врши замена на матица, пчелите обично ја убиваат новата матица. Пчелите се обично стари и неупотребливи за било која друга колонија. Тие можат само да се стресат на земјата и сами да си го бараат спасот.  
Додека во случај на трутова матица, матицата може да се лоцира со саќе и да се замени.




No comments

Back to content | Back to main menu