Тема 4-2: Случувања во есен – зима - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 4-2: Случувања во есен – зима

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:57:00 · Download 4-2.-----------------------.m4a
Процесот продолжува и во зима но е поврзан со одржување на температурата. Мускулната активност произведува топлина. Ако пчелата лета, тогаш развива топлина и може да лета на температури под нулата. Но ако остане мирна и дозволи температурата на телото да паден под 8тогаш ќе умре.
Ако надворешната температура падне под околу 18пчелите се собираат во грозд формирајќи топка. Кога температурата ќе достигне 13купчето (гроздот) е комплетно формиран. Горниот дел ги формира залихитена храна, а долниот дел се придржува за празните ќелии формирајќи цврста топка. Губитокот на топлина од гроздот може да се контролира со ширење или собирање на гроздот. 
Всушност,е забележана температура на гроздот 31со температура на воздухот од -28C. Разлика од 59C. Температурата во центарот на гроздот без легло се одржува меѓу 20-30што ги остава надворешните пчели од гроздот на 9C. Ако се намали температурата на гроздот, на долната периферија, температурата ќе падне на 8и последните пчели ќе се откинат од гроздот и ќе умрат. 
Кога ќе почне леглото да се одгледува, температурата треба да се одржува на 32-36C. Гроздот одржува температура од 34-35кога има легло. Секако ларвата и куклата произведуваат топлина во текот на својот развој и метаморфоза.
 
Во текот на зимата, медот што се конзумира треба да е разблажен и пчелите кога ќе им се укаже прилика одат да соберат вода. Тие летаат на ниски температури, брзо земаат вода и се враќаат. Често во зима и рана пролет може да се забележи околу пладне одеднаш 20-30 пчели да се вратат во кошницата за периодот од неколку минути и потоа се да биде мирно повторно. Кога времето е многу лошо за пчелите да не можат да донесат вода, тие го разблажуваат медот со пљувачка од своите жлезди  (salivary glands).
Недостатокот на вода во гроздот не може да се случи бидејќи производ на разложувањето на медот е јаглерод диоксид и вода.

Зимската пчела е различно суштество од летната. Таа разлика се должи на исхраната и на недостатокот од работа. На крајот на август и почетокот на септември пчелите интезивно се хранат со полен со што ги враќаат  hypopharengial жлездите во plump форма како кај пчелите негувателки. Во исто време големи количини на маст, протеини и складирани јаглехидрати наречени glycogen или животински скроб  се складира во дебелото тело. Тоа “дебело тело” е орган кој е составен од голем чаршав на големи ќелии складирање. Тој е присутен кај сите пчeли, но е значајно поголем кај зимските.




No comments

Back to content | Back to main menu