Тема 10: Полен - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 10: Полен

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 19/5/2020 12:49:00 · Download 11.------.m4a
Пчелата го вади поленот со помош на мамузите на средните нозе, а потоа другите пчели го редат и го стискаат во саќето. Така депонираниот полен во саќето, го менува својот хемиски состав и хранлива вредност. 

Пчелите никогаш не го полнат саќето до врв. Поленот завзема 57% од волуменот на саќето, со варијација од 36-77%. Една ќелија содржи 140mg полен, со варијација од 101-175mg.
Пчелите на горниот слој од поленот во ќелијата натопуваат мед и ја затвораат кога ќе ја дополнат целосно со мед.

Една таква ќелија можеме да ја споредиме со мини силос. Познато е дека силажата јако се набива за да се спречи пристап на кислород во внатрешноста. Тоа истото го прават и пчелите. Под дејство на шеќерот се развиваат бактерии на млечна киселина, кои создаваат млечна киселина со што ја чуваат храната и спречуваат развоj на бактерии на распаѓање.

Ќелиите со полен се веднаш до леглото, и покрај тоа што се храна за младите, претставуваат одличен топлински изолатор.



No comments

Back to content | Back to main menu