Тема 3-2: Однесување на пчели “чувари” - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 3-2: Однесување на пчели “чувари”

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 12:46:00 · Download 3-2.---------------------------.m4a
Во нормални услови, кога ништо не ја вознемирува колонијата, нема да има чувари на влезот. Ако тропнете на кошницата, една пчела ќе се појави на влезот. Ако продолжите да тропате повеќе пчели ќе се појават на влезот. Ако неможат да го забележат причинителот на вознемирувањето, една или повеќе пчели ќе полетаат да проверат што се случува.
Пчелите чувари ги предизвикуваат пчелите собирачки кои сакаат да влезат во кошницата. Пчелата собирачка која припаѓа на колонијата, комплетно ќе го игнорира чуварот и ќе влезе во кошницата. Чуварот ќе ја препознае по мирисот. Доколку пчелата собирачка ја погреши кошницата, чуварот по мирисот ќе препознае дека не е од тука и ќе ја предизвика. Собирачката ќе го игнорира бидејќи е сигурна дека е на право место и нема да се спротивстави. Ќе му понуди храна, но чуварот ќе ја игнорира. Ако чуварот и пријде од страна ќе се закачи на крилото или на ногата со мандиблата, и пчелата собирачка ќе застане мирно со главата надолу. Чуварот нема да ја повреди пчелата, но бидејќи неговата концентрација е слаба, за неколу секунди ќе се умори и ќе и дозволи на пчелата да продолжи.
Таа понатаму ќе биде предизвикана уште неколку пати. Од секој од тие контакти мирисот на чуварите ќе се пренесе на собирачката и таа ќе стане дел од колонијата. Овој начин на однесување се користи кога се спојуваат две колонии со хартија.
Случајот е многу различен кога имаме пчела која сака да граба или оса. Тогаш натрапникот возвраќа на предизвикот и настапува борба која може да заврши со смрт на едната или двете пчели. Пчелите чувари се предупредени од пчелите ограбувачи во нивниот начин на летање, кој што е карактеристичен цик-цак над влезот, барајќи влез без да се соочат со чуварите , набљудувајќи ги истовремено пчеларот и чуварите. 




No comments

Back to content | Back to main menu