Тема 11: Хемиски состав на медот - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 11: Хемиски состав на медот

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 19/5/2020 12:59:00 · Download 12.------------------------.m4a
Целокупниот процес на преработка на медот во гнездото се вика созревање на медот. Зрелиот мед е затворен во саќето со восочен поклопец. Затворениот мед е индикатор за завршеток на биохемиските процеси.

Основната маса на медот ја чинат во вода топливи шеќери -  гликоза (гроздов шеќер) и фруктоза (овошен шеќер).
Гликозата се содржи со 31-38% во медот. Таа побрзо кристализира од останатите шеќери.
Фруктозата е застапена 38-43%. Таа споро кристализира и е повеќе хидроскопна.
Во мали количини медот содржи и малтоза, рафиноза и мелибоза. 
Медот содржи сахароза до 2%. Тукушто собраниот мед, сеуште незатворен може да има до 6% сахароза.

Во составот на медот уште влегуваат и сложени јаглехидрати – декстрин – производ на непотполно разградување на скробот. Достигнува вредност од 1-4%, но може да стигне и до 12%. Декстрините се растворливи во вода и ја спречуваат кристализацијата на медот.

Беланковични материи има малку од 01-0,5%, во просек 04-06%.

Во медот се наоѓаат киселини до 0,43% кои се доста различни по состав. Најмногу има органски киселини меќу кои основна е гликозната киселина. Активната киселост на медот во просек изнесува 3,78 со варијација од 3,26-4,36. Од оваа вредност зависи вкусот на медот и неговите бактерицидни својства.

Минералните материи во медот се разновидни. Откриени се 37 елементи, многу калиум, натриум, калциум, магнезиум, железо, фосфор. Интересно е дека минералниот состав на медот е многу близок до минералниот состав на човечката крв.

Ароматични материи Мирисот од билката од која е земен нектарот се пренесува и на медот.

Витамини во медот нема многу, но тие се наоѓаат во комбинација со други материи кои се многу важни за организмот. Во 1 грам мед се содржи 30mg лимонска киселина(
S),10mg токофероли (Е), 4mg пантотенска киселина (B3), 3,8mg биотин (H), 3,1mg
ниацин, 3mg пиридоксин (B2)итн.

Медот е богат со ферменти. Најактивни се инвертаза, дијастаза, каталаза. Дијастазата го разградува скробот. Нејзината активност се одредува по дијастазен број. Големината на дијастазниот број зависи од составот и врстата на билката од чиј нектар е добиен медот, земните и климатските услови, времето, интезивноста на лачење на нектарот, јачината на заедницата итн. Дијастазниот број многу често се користи како показател за природноста на медот. 



За точно одредување на природноста и квалитетот на медот, неопходни се и дополнителни испитувања на содржината на оксиметилфурфуол, сахароза, создадените шеќери, оптички активности, мирис, вкус итн.
Со помала дијастазна активност се одликува медот од пролетните паши, а со поголема од летните.

Ферментот каталаза го разградува водородниот пероксид и има значајна улога во созревањето на медот.

Нектарот содржи фитоцидни бактерицидни својства. Фитоцидите на нектарот се едни од создавачите на природниот имунитет на билките( ги штитат репродуктивните органи на цветот од инфекции), а пак на медот му даваат антибиотски својства.
При затворање на медот на температура повисока од 45C, дел од фруктозата формира оксиметилфурфурол- материја штетна за пчелите.

Зрелиот мед содржи 18-20% вода.

Елеткропроводливост на раствор од пчелен мед е резултат на присуството на минерални материи, органски киселини и белковини во медот. Специфичната проводливост на нерастворен мед (неразреден) е како кај дестилирана вода. Со негово разблажување со вода, ел. проводливост се зголемува и достигнува максимална вредност при 20-30% раствори. Ел. проводливост е добар показател на ботаничкото потекло на медот. Мерењето на ел. проводливост се користи за разликување на цветниот мед од медликовиот мед како и за карактеризација на монофлорните медови.







Совети за чување на медот:
-       Заштитете го медот од апсорција на влага. Добро затворени сигурни садови
-       Не ја мијте просторијата пред да го затворите целиот мед.



No comments

Back to content | Back to main menu