Тема 5-4: Акароза - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-4: Акароза

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 15:44:00 · Download 5-5.--------.m4a
Acarapis Woodi е мало суштество кое  живее во главната Торакална трахеа “thoracic tracheae” на пчелата. Оплодената женка се преместува во трахеата и почнува да носи јајца скоро откако ќе излезе од  својата ќелија. Јајцата се развиваат и за околу 5 дена ќе станат ларви кои за 9 дена ќе се развија во возрасни единки. Трахеата може да е преполна со вакви мали суштества паразити кои се хранат собушење, дупчење на ѕидовите  од трахеата и цицајќи ја крвта на пчелата. Трахеата се оштетува и станува кфеава и кршлива, но изгледа дека нема некое големо влијание на пчелата која сеуште вредно работи. 
Најверојатно ефектот од присуството на Акароза е скратување  на животот на пчелата. Некои од суштествата се префрлаат на другите пчели со допир и изгледа дека не се способни да се префрлаат преку ќелиите или некој друг статичен објект. Ефектот на колонијата зависи од бројот на заразени пчели. Кога се сиромашни летата, заразата е поголема бидејќи пчелите се во заедницата, а не надвор.

Постојат неколку начини да се забележи оваа зараза од кои највпечатлив е лазењето на пчелите. Ако тие се качуваат на гранче” од трева и се редат една врз друга или на купче околу стеблото” , тоа е знак за акароза.

Како и со ноземата, не третирајте доколку не сте сигурни. Ако смртноста во зима се зголеми, тогаш со микроскоп може да се одреди што е. Ако се нема микроскоп, тогаш треба да се прати примерок од 35 пчели на анализа.
Ако се утврди присуство на акароза, тогаш со ленти за зачадување “Folbex”  се третира кошницата. Попладне коа сите пчели се во кошницата се зачадува со сите отвори затворени. Пчелите веднаш ќе почнат да вентилираат со застрашувачки вик “roar”. Дозата обично се повторува по една недела или десетина дена. Откако се зачадени, по еден час кошницата може да се отвори. Третманот не им штети на пчалите или леглото и е најдобро да се направи кога температурата е над 17 степени Целзусови. 




No comments

Back to content | Back to main menu