Тема 5-5: Парализа - Blog - Macedonian Honey

Go to content

Main menu:

Тема 5-5: Парализа

Published by Огњен Фиданоски in 12. Пчеларство лекции · 18/5/2020 15:52:00 · Download 5-6.---------.m4a
Оваа болест е предизвикана од вирус кој е наречен “Chronic Bee Paralysis Virus” CBPV.

Двата највообичаени сигнали се присуство на парализирани пчели останати на летвичките откако останатите биле избркани со чадење и купче на мртви или пчели на умирање на влезот на кошницата. 
Пчелите останати на летвичките имаат израмнет изглед, абдоменот може да е надуен, крилата се широко отворени и често пчелата се тресе.

Вториот случај е кога  околу 25-100 пчели умираат секој ден. Резултатот е големо купче на мртви пчели на влезот од кошницата. Пчеларите често ја мешаат оваа ситуација со труење. 
Овие две ситуации лесно се разликуваат. Ако има труење, пчелите умираат веднаш и се е готово за 30мин. Така што пчелите во купче се со иста свежина или распаѓање, во зависност од тоа колку брзо ќе ги забележите. Во случај на парализа пчелите умираат постепено и купчето ќе се состои од бргу умрени пчели одозгора и добро распаднати пчели одоздола.

За  жал овој вирус не може да се третира со познатите лекарства и затоа не можете да им помогнете на пчелите. За среќа не често колониите се зафатени со овој вирус.




No comments

Back to content | Back to main menu